За компанијата: Банката е формирана во 1993 година како една од првите приватни банки во земјата под името Кредитна Банка АД Скопје. Од мај 2016 година, Банката работи под името Силк Роуд Банка АД Скопје и е единствена банка во Р. Македонија и регионот со 100% швајцарски капитал.
повеќе за компанијата »Оглас за вработување
на Референт за ризик во Служба за управување со ризици
во Силк Роуд Банка АД Скопје
СИЛК РОУД БАНКА АД СКОПЈЕ нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, со можност за личен развој и професионален напредок.
Банката вработува Референт за ризик во Служба за управување со ризици
- Дел од работните задачи на Референт за ризик во Служба за управување со ризици
- Учествува во следење на состојбата со девизниот курс и обврзниците и ја пресметува вредноста при ризик, времетраењето и / или врши анализа на ризикот на чувствителност во однос на пазарниот ризик (вклучувајќи и специфичен ризик).
- Учествува во следењето на трговските ограничувања – дневни, неделни, месечни и годишни.
- Го изведува Системот за рано предупредување така што ги дефинира соодветните клучни показатели за ризик специјализирани за деловните активности на Банката.
- Учествува во следењето на структурата на билансот на состојба во однос на ризикот на каматната стапката во банкарските книги и ја преместува чувствителноста на нето приходот од камати и нето сегашната вредност на активата и пасивата кон промените на каматните стапки.
- Учествува во следењето на структурата на билансот на состојба во смисла на ризикот од ликвидноста (вклучувајќи и анализа на концентрацијата на депозитори) и го пресметува соодносот на ликвидноста.
- Го следи соодносот на адекватноста на капиталот и предлага неопходни мерки за да ја осигури усогласеноста на Банката со регулаторните ограничувања.
- Го спроведува Планот за резервно финансирање на Банката во соработка со Службата за средства којшто се доставува на одобрување од АЛКО.
- Создава извештаи за поддршка на работењето на Комисијата АЛКО или другите комисии вклучени во вежбите за стрес тест.
- Ги следи активностите за оперативен ризик во банката, обезбедувајќи одржување на постојана рамка на ризици и ефективна комуникација помеѓу политиките за оперативен ризик и инволвираните страни
- Обезбедува систематска и навремена имплементација на рамката за самостојна оцена на управување со оперативниот ризик (евалуација на оперативен ризик)
- Ги собира прегледува и оценува клучните ризик индикатори (KRI’S) и настаните за оперативен ризик и ги внесува истите во системот на банката.
- Ги врши сите други работи кои му / ѝ ги доделила Банката.
- Учествува во подготовка на документи за сите ревизии.
- Кандидатите треба да ги исполнуваат следните квалификации:
- Универзитетска диплома , пожелно во Банкарство / Финансии или друга релевантна област
- 2 години работно искуство, по можност во област на управување со ризик
- Одлично познавање на MS Office (Word, Excel, Power Point)
- Одлично познавање на англиски јазик
- Добри организациски и комуникациски вештини
Работното време е 8 часа дневно, односно 40 часа неделно, од понеделник до петок.
Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови, потребно е да испратат кратка биографија и мотивационо писмо на македонски јазик на [најави се за да го видиш е-маилот] со задолжителна назнака за “референт за ризик”, најдоцна до 17.02.2023 година.
Ве молиме во Вашите апликации не доставувајте сензитивни податоци како националност, вероисповест како и детали за вашиот приватен живот.
Само кандидатите кои ќе бидат избрани во потесен избор ќе бидат контактирани заради спроведување на интервју или тестирање.
Сите апликации ќе имаат третман на строга доверливост. Со доставувањето на Вашата апликација ќе се смета дека се согласувате Банката да може да ги обработува Вашите лични податоци за потребите на процесот на вработување.
Согласноста може да ја повлечете во секое време со доставување на барање за истото до Офицерот за заштита на лични податоци на e-mail адресата [најави се за да го видиш е-маилот]
Слични огласи »