Комерцијалист за продажба на резервни делови за патнички и товарни возила

За компанијата: Мак Аутостар дооел е генерален дистрибутер на повеќе брендови од автомобилската индустрија како што се: Mercedes-Benz патнички и комерцијални возила, автобуси, Setra, Evobus, Unimog, Rolls Royce, Mitsubishi... повеќе за компанијата »

Нашата компанија е во потрага по нов член кој треба да му се придружи на тимот професионалци на Мак Аутостар и за таа цел се бара кандидат за следната позиција:

 

1 КОМЕРЦИЈАЛИСТ ЗА ПРОДАЖБА НА РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ ЗА ПАТНИЧКИ И ТОВАРНИ ВОЗИЛА

 

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

  • Техничко познавање на резервни делови
  • Работно искуство од над 5 години во областа
  • Искуство во продажба и комуникации со клиенти
  • Следење на процесот на продажба и изготвување извештаи
  • Англиски јазик, основно познавање

 

ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО

  • Креирање комерцијални понуди и советување на клиентите за изборот и набавка на резервни делови за редовно одржување
  • Одржување и проширување на постоечката мрежа на продажба
  • Зголемување на асортиманот кај постоечките клиенти
  • Активно следење и одржување на соодветното ниво на залихи со делови

 

ПОНУДА ОД КОМПАНИЈАТА

  • Стабилна компанија ориентирана кон одржливи работни места и резултати
  • Напредна работна средина и функционален тим на професионалци
  • Можност за самостојност, иницијативност и креативност
  • Атрактивни социјални бенефиции, плата, бонус, топол оброк

 

Сите заинтересирани кои сакаат да му се приклучат на тимот на Мак Аутостар треба да испратат професионална биографија на [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака за работно место „Комерцијалист за продажба на резервни делови за патнички и товарни возила“ заклучно со 20-ти октомври 2022г.

 

Кандидатите кои ќе влезат во потесен круг на избор, ќе бидат повикани на интервју.

 

Мак Аутостар дооел е генерален дистрибутер на повеќе брендови од автомобилската индустрија како што се: Mercedes-Benz патнички и комерцијални возила, автобуси, Setra, Evobus, Unimog, Mitsubishi Motors и Mitsubishi Fuso, Mobil,  сопственик  на брендот Premium Used за користени возила и на Premium деловниот центар

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »