За компанијата: Бис Инженеринг е компанија формирана во 1990 година, компанијата е фокусирана на изнаоѓање решенија во автоматизација на процесите кои им помагаат на клиентите во зголемување на продуктивноста, сигурноста на работењето, намалување на човечкиот фактор, лесна дијагностика и одржување.
повеќе за компанијата »БИС Инженеринг Скопје има потреба од електро техничар.
Опис на работното место:
- Изведба на нисконапонски електрични инсталации,
- Положување и инсталација на нисконапонски енергетски и сигнални кабли,
- Монтажа на кабловски регали,
- Ожичување на нисконапонски разводни ормари и ормари за автоматско управување,
- Монтажа на електро опрема,
- Монтажа на електро ормари, поврзување на кабли, поврзување на сензори и извршни елементи,
- Испитување на ожичени електро ормари,
- Водење евиденција за вградени материјали и извршени активности.
Потребни квалификации:
- Завршено средно образование (3 или 4 степен),
- Желба за работа,
- Позитивен став,
- Комуникативност, љубезност и педантност,
- Лојалност, самоиницијативност, темелност, енергичност,
- Способност за тимска работа,
- Способност за работа под притисок,
- Флексибилност и адаптибилност.
- Возачка дозвола Б катергорија,
- Познавање на англиси јазик ќе се смета за предност.
Работно време и место каде се извршува работата:
- Понеделник-Петок 8:00-16:00,
- Работниот ангажман вклучува работа во просториите на БИС Инженеринг, како и теренска работа на територијата на Република Македонија.
Доколку ги исполнувате горенаведените квалификации и ваквиот работен ангажман е предизвик за вас, доставете ја својата лична биографија (CV) на следниот мејл: [најави се за да го видиш е-маилот] или телефонски на +389 2 3123-848.