
За компанијата: Флекс Кредит ДОО Скопје е Македонска небанкарска финансиска институција, регистрирана од Министерство за финансии на република Северна Македонија под број 13-1659/2.Компанијата обезбедува брзи потрошувачки...
повеќе за компанијата »Флекс Кредит како финансиско друштво е водечки играч во делот на брзи кредити во Романија, Бугарија и Македонија. Нашата компанија спроведува политика на иновации и верува дека личниот развој е најважен. Затоа се осмелуваме да се наречеме привлечен работодавец за сите оние кои се потрага по нив предизвик.
Согласно брзиот раст на компанијата како и тековните потреби ,процеси и активности на Флекс Кредит на територијата на Северна Македонија, објавуваме оглас за работна позиција:
ПРАВНИК
Идеалниот кандидат ќе биде професионален со високо-аналитички способности и ќе поседува одлични вештини за писмена и вербална комуникација.
Работни задачи:
- Спроведување и управување со ефективна програма за правна усогласеност.
- Следење на правните регулативи, базични за бизнисот
- Редовно ревидирање на правните процедури во компанијата
- Подготовка и конзистентност за правна усогласеност на договори со вендорите
- Изработка на дописи, акти и сите видови извештаи потребни пред надлежните институции;
- Изработка на акти и превземање на потребни активности во врска со заштита на податоци;
- Подготовка на предмети за присилна наплата
Потребни квалификации:
- Дипломиран Правник
- Минимум 1 година работно искуство на иста или слична позиција (предност ќе имаат кандидати со пертходно работно искуство во финсансика институција)
- Познавање на законодавството од областа на финансиски институции и трговски друштва
- Одлично познавање на MS Office пакетот;
- Возачка дозвола Б категорија (пожелно)
Услови од компанијата:
- Атрактивна плата
- Можност за професионален развој и напредување
- Дополнителна обука и тренинг
- Динамични работни услови во брзорастечка компанија
Работното време започнува од 09:00 часот до 17:00 часот, Понеделник - Петок
Аплицирањето може да го направите на самиот оглас со притискање на копчето АПЛИЦИРАЈ или пак да испратите CV на имејл адреса [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака ПРАВНИК.
Слични огласи »