Доколку сте со минимум средна стручна подготовка од областа на техниката, но може и друго било кое образование, но ве интересира техника, аплицирајте во успешна, реномирана и општествено одговорна компанија, дел од Новоматик групацијата, лидер во игрите на среќа, добитник на наградата за промовирање на човекови права во бизнисот и можеби ќе имате шанса да станете дел од огромното „Новоматик семејство" кое брои 22.000, вработени во 50 земји во светот.
Познавање на англиски или германски јазик и компјутерски вештини ќе се смета за предност. Поседување на возачка дозвола од Б категорија, со минимум 2 години возачко искуство е неопходен услов.
Нудиме почетна плата од 25.500 денари, со можност за награди, бонуси, редовна исплата, платени обуки и можност за кариерен развој.
Вработувањето е на определено време (3 месеци), во една смена претпладне, со полно работно време, со тенденција да се задржат вработените.