Координатор за продажба на маркетинг услуги

За компанијата: Еast Gate Mall e најголем трговски центар во земјата и регионот кој ќе понуди богата и уникатна содржина на шопинг, гастрономија, забава, релаксација и култура. Еast Gate Mall e замислен како нов урбан... повеќе за компанијата »

East Gate Mall (дел од Балфин Груп) е првиот мултифункционален комплекс кој е спој на трговски и забавен центар, резиденцијален комплекс и деловен парк. Целта е да го подигнеме животниот и деловниот стандард и да донесеме нова енергија во срцето на Скопје преку воведување на нов животен стил и современи стандарди на урбано живеење.

За потребите на маркетинг одделот објавуваме оглас за

 

КООРДИНАТОР ЗА ПРОДАЖБА НА МАРКЕТИНГ УСЛУГИ

 

Одговорности и работни задачи:

  • Подготвува предлози за продажба на рекламни позиции во трговскиот центар
  • Организира маркетинг промоции, промотивни и сезонски настани и закуп на простор
  • Подготвува извештаи за прогноза на продажба на рекламните позиции и нивно доставување до раководството
  • Развива ефикасни продажни стратегии за зголемување на продажбата на друштвото
  • Соработува со тимовите за маркетинг и дизајн за изработка на квалитетен рекламен материјал за производите и услугите на друштвото
  • Оддржува точна евиденција за резултатите од претходните кампањи за да се одредат најефективните маркетинг пристапи
  • Ги анализира пазарните трендови, продажните и маркетинг метрики, како и стратегии за одредување на цени за да се идентификуваат начини за подобрување на продажбата на маркетинг напорите

 

Потребни стручни работни компетенции/способности и вештини:

  • Висока стручна подготовка
  • Претходно работно искуство во продажба и маркетинг
  • Одлично познавање Microsoft Office пакет
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Способност за работа под притисок и пресретнување рокови
  • Способност за преговарање и посредување

 

Што нудиме:

  • Работа во динамична интернационална средина, со амбициозен и професионален тим
  • Атрактивна компензација, во согласност со искуството и работните обврски
  • Годишен бонус согласно постигнувањата
  • Работно време: 08:00/09:00 – 16:00/17:00 (флексибилно)

Доколку сте заинтересирани за работа во динамична средина, со професионален и проактивен тим, а воедно ги исполнувате потребните квалификации, ги очекуваме вашите апликации.

Испратете го своето CV преку означеното поле, најдоцна до 23.07.2024.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »