Програма за автентично женско лично водство

ИГРАЈТЕ НА ГОЛЕМО


Програма за автентично женско лично водство

 

Жени со голем талент, со идеи и визија не ја гледаат својата извонредност!
Ги чуваат своите идеи наместо да ги споделат!
Ова е програма со која жените ќе разберат зошто и како се кријат, зошто играат на мало, програма што им ќе им помогне да играат на големо, што и да значи играње на големо за нив!

Внатрешниот критичар е гласот на недовербата во себе, на отпорот и стравот. Тој ви зборува дека не сте подготвени, дека не сте доволно добри, дека е премногу ризично или е премногу добро за да биде вистина.

Препознавањето на внатрешниот критичар е првиот чекор во играта на големо. Да го препознаеме и да не дозволиме да нè контролира.

Не е важно дали сте извршна директорка, волонтерка во општеството, уметница, професорка, раководител на проект, политичарка или мајка.

Сакате да постигнете повеќе и поинаку во животот?    
Сакате да дејствувате според своите стремежи и мотиви?         
Сакате да се ослободите од чувството на страв, сомнеж во себе, грижа за тоа што мислат другите за вашите идеи?

Оваа обука е наменета за секоја жена што сака да игра на големо, да биде лидер за себе, за оние што ѝ се важни, за околината....

 

Очекувајте од оваа обука да ги стекнете следниве вештини што досега им помогнале на многу жени:

  • ослободување од сомнежот и стравот во себе;
  • ослободување од критиките и пофалбите и дејствување според своите можности;
  • пристапување до својата внатрешна мудрост и спознавање на вистинските одговори за себе;
  • преземање чекори со поголема храброст и одважност;
  • моќна и достоинствена комуникација;
  • поефикасно преговарање;
  • справување со грижите за тоа дека не сте доволно добри или подготвени за тоа што сакате да го направите;
  • инспирација за она што сакате да го направите, вашиот животен повик;
  • начинот на којшто ќе играте на големо додека се грижите за другите.

 

Затоа што знаете дека е многу позабавно да се игра на големо!
Преку тридневна програма, ќе нурнеме во себе, па храбро и оснажени ќе испливаме на површината за да заблескаме пред сите во своето вистинско светло!
 
Пријавете се на оваа програма и зачекорете во нова иднина, по ваша мерка! Неколку жени од првата група веќе направија исчекори кон активности и планови што ги посакувале и одложувале и оставале за некогаш...
Крајот на годината и почетокот на новата година се вистински момент за да си подарите себеси нови погледи, знаења и вештини, за полесно да го реализирате она што сте го сакале.

 

Програма:

Прв ден: 21.12 (четврток) 17:00-20:00

Втор ден: 23.12 (сабота) 10:00-16:00

Трет ден : последната недела од јануари 2018

 

Пријавување: [најави се за да го видиш е-маилот]
Телефон:  078 262 279
Рок за пријавување: среда, 20.12.2017
Котизација: 6200 ден.+ ДДВ



Обуката се одржува во пријатен и модерен простор, со кафе-паузи, освежувања и закуска.
Подготвени се работни материјали. Од секоја котизација, 5% ќе бидат уплатени во социјалната компанија ЕДНА ПРАВИ, којашто вработува самохрани мајки и изработува првокласна органска козметика.

 

Според програмата на Тара Мор (www.taramohr.com)
Програмата ја водат две жени, професионални тренери и коучеви, инструирани за програмата Играње на големо.

 

За тренерите:

Ирена Јакимова е лиценциран обучувач за возрасни, сертифициран NLP Capital Coach и NLP Master Practitioner, сертифициран SDI (Personal Strengths) фасилитатор, мастер тренер за комуникација и квалитет на услуга од Швајцарската академија за хотелски менаџмент од Луцерн, сертифициран коуч за раст на бизнисот и други методологии. Таа е магистер по деловна економија со долгогодишно менаџерско искуство, со специјалност во маркетинг, рекламирање, комуникации, продажба, претприемништво. Во текот на нејзиното искуство од повеќе од 20 години, работела со големи светски и домашни компании, како и со меѓународни и домашни институции. Последните години, преку голем број обуки и коучинг, ја фокусира нејзината работа со тимови и поединци на инспирирање, охрабрување и зајакнување на нивните капацитети преку пренесување нови вештини, знаења и нивно усовршување, како и преку максимално придвижување на нивните внатрешни ресурси во насока кон раст на бизнисот и на поединецот. 

Зорица Поповска е лиценциран обучувач за возрасни, сертифициран NLP Capital Coach и NLP  Master practitioner и сертифициран коуч за раст на бизнисот. Таа е магистер по менаџмент со човечки ресурси, со огромно искуство во водење тимови и организирање и работа со луѓе. Главен интерес и фокус на нејзината работа е поддршка на човековиот развој и откривање на скриените потенцијали и извонредноста нa индивидуите во брзото комплексно живеење. Нејзиното искуство како менаџер и обучувач во финансискиот и осигурителниот сектор вклучува голем број реализирани обуки од доменот на лични вештини и продажба.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »