Плата од 40.000 ден. до 90.000 ден.
(преземи го огласот како слика)

БИДИ ДЕЛ ОД НАШИОТ ТИМ! 🚀
По години создавање насмевки и незаборавни вкусови во🏝️Малта, Mamma’s Sugar конечно пристигнува и во Скопје. Успехот на секој бренд започнува со луѓето што стојат позади него, а ние сме бренд што верува во квалитет, гостопримство, и тимска работа. Ако сакаш динамична работна средина, позитивна атмосфера и можност да растеш заедно со интернационален бренд, можеби токму ти си личноста што ја бараме. Затоа бараме личности кои сакаат да создаваат врвни гастрономски искуства. Доколку готвењето е твоја професија и страст, Ве покануваме да се приклучите во нашиот тим.
ОТВОРЕНИ РАБОТНИ ПОЗИЦИИ:
👩🍳Готвач/ка
👨🍳Помошник готвач/ка
🍰Слаткар/ка
ШТО ОЧЕКУВАМЕ ОД ТЕБЕ: Кувар/ка // Помошник кувар/ка
- Претходно работно искуство во кујна.
- Познавање на стандардите за подготовка и презентација на храна.
- Одговорност, организираност, и способност за работа под динамично темпо.
- Тимски дух, професионален однос и желба за континуирано усовршување.
- Почитување на хигиенските и безбедносните стандарди во кујна.
ШТО ОЧЕКУВАМЕ ОД ТЕБЕ: Слаткар/ка // Помошник слаткар/ка
- Претходно работно искуство како слаткар/ка.
- Познавање на техники за подготовка и декорација на десерти, торти, колачи и печива.
- Организираност и способност за ефикасна работа во динамична средина.
- Одговорност, професионален пристап и позитивен однос кон работата.
- Желба за усовршување и следење на современите трендови во слаткарството.
- Почитување на хигиенските и безбедносните стандарди во кујна.
Ќе биде плус, ако имаш:
- Креативност, чувство за естетика и внимание на секој детал.
- Прецизност и доследност во следење рецепти и стандарди.
ШТО НУДИМЕ:
- Конкурентна, редовна плата со можност за бонуси врз основа на индивидуалниот придонес, позитивни резултати и ангажман во интернационален бренд кој континуирано расте.
- Можност за професионален раст и развој во компанијата, како и релокација и работа во други држави каде што е присутен брендот Mamma’s Sugar.
- Тим билдинзи и заедничнки патувања, вклучително и надвор од државата, со цел заедничко и индивидуално напредување, и размена на нови искуства.
- Пријатна, позитивна и поддржувачка работна атмосфера во која секој член од тимот е важен.
Во Mamma’s Sugar веруваме дека најдобрите тимови се создаваат од различни луѓе. Ги охрабруваме сите кандидати да аплицираат, без разлика на пол, возраст, националност, етничка припадност, религија или попреченост.
Доколку сакаш да бидеш дел од компанија која препознава потенцијал, го наградува трудот и инвестира во своите вработени, испрати ни ја твојата биографија (CV) и стани дел од слатката приказна на Mamma’s Sugar!
Повеќе информации на // [најави се за да го видиш е-маилот]
ВРАБОТУВАЊЕ ОД КРАЈ НА МЕСЕЦ СЕПТЕМВРИ!