Плата 40.000 ден.
(преземи го огласот како слика)

БИДИ ДЕЛ ОД НАШИОТ ТИМ! 🚀
По години создавање насмевки и незаборавни вкусови во🏝️Малта, Mamma’s Sugar конечно пристигнува и во Скопје. Успехот на секој бренд започнува со луѓето што стојат позади него, а ние сме бренд што верува во квалитет, гостопримство, и тимска работа. Ако сакаш динамична работна средина, позитивна атмосфера и можност да растеш заедно со интернационален бренд, можеби токму ти си личноста што ја бараме. Затоа бараме мотивирани, професионални и амбициозни личности да се приклучат во нашиот тим.
ОТВОРЕНИ РАБОТНИ ПОЗИЦИИ:
🍽️Келнер/ка
🍸Шанкер/ка
☕️Бариста
ШТО ОЧЕКУВАМЕ ОД ТЕБЕ:
- Позитивен став, одлични комуникациски вештини, професионален однос кон гостите.
- Одговорност, дисциплина, посветеност, способност за тимска работа.
- Желба за континуирано усовршување, напредување и личен развој.
Ќе биде плус, ако имаш:
- Претходно работно искуство во угостителство.
- Познавање на еден или повеќе странски јазици.
ШТО НУДИМЕ:
- Конкурентна, редовна плата со можност за бонуси врз основа на индивидуалниот придонес, позитивни резултати и ангажман во интернационален бренд кој континуирано расте.
- Можност за професионален раст и развој во компанијата, како и релокација и работа во други држави каде што е присутен брендот Mamma’s Sugar.
- Тим билдинзи и заедничнки патувања, вклучително и надвор од државата, со цел заедничко и индивидуално напредување, и размена на нови искуства.
- Пријатна, позитивна и поддржувачка работна атмосфера во која секој член од тимот е важен.
Во Mamma’s Sugar веруваме дека најдобрите тимови се создаваат од различни луѓе. Ги охрабруваме сите кандидати да аплицираат, без разлика на пол, возраст, националност, етничка припадност, религија или попреченост.
Доколку сакаш да бидеш дел од компанија која препознава потенцијал, го наградува трудот и инвестира во своите вработени, испрати ни ја твојата биографија (CV) и стани дел од слатката приказна на Mamma’s Sugar!
Повеќе информации на // [најави се за да го видиш е-маилот]
ВРАБОТУВАЊЕ ОД КРАЈ НА МЕСЕЦ СЕПТЕМВРИ!