Сервисер на топлински пумпи и клима уреди

АНИТЕРМ ДООЕЛ Скопје е компанија за климатизација, вентилација, греење и ладење која повеќе од 15 години успешно го опслужува македонскиот пазар. Поради проширување на својот тим објавува конкурс за вработување на Сервисери за топлински пумпи и клима уреди.

БРОЈ НА ОТВОРЕНИ ПОЗИЦИИ: 2

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Претходно работно искуство на истата позиција
  • Одлично познавање на системи за централна климатизација (чилери и топлински пумпи)
  • Возачка дозвола Б категорија

НИЕ НУДИМЕ:

  • Позиција со полно работно време што доаѓа со конкурентна плата и политика за индивидуална евалуација на перформансите
  • Можност за обука и напредување
  • Позитивна и флексибилна работна атмосфера

Доколку сте заинтересирани испратете го Вашето CV (работна биографија) на e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот]  

Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани за интервју. 

Контакт телефон: 071-321-468