Советник за техничка продажба

За компанијата: Присутни сме во градежништвото повеќе од 80 години. Со своите системи нудиме модерни, квалитетни решенија за уредување на вашите градби. Со фантастичниот материјал, гипс, создаваме удобност во просториите за живеење и работа. Кнауф значи иновација и квалитет. повеќе за компанијата »

Активни огласи од КНАУФ ДООЕЛ Скопје:

Këshilltar Teknik i Shitjeve

Советник за техничка продажба

Кнауф се залага за можност. Знаеме дека таа можност изгледа различно за секој човек и горди сме што гледаме можност во секого. Оваа возбудлива нова позиција во тимот на продажба може да биде совршена следна можност за вас да изградите уникатна кариера, во култура предводена од вредности со јасна цел да ја направиме утрешнината дом за сите нас.

Ние сме глобален производител на градежни материјали и во рамките на нашата групација, нашите 42.000 вработени во 300 локации низ 90 земји во светот, обезбедуваме можности за секого со амбиции и енергија. Го цениме сечиј придонес подеднакво и бараме целосно и несебично да се вклучите во вашата работа, да го збогатите бизнисот дополнително, бидејќи заедно постигнуваме повеќе во безбедна и инклузивна средина.

Кнауф дооел Скопје се гордее што е дел од групацијата Кнауф. Имаме 92-годишно наследство во производството на градежни материјали и имаме големи планови за иднината. Нашиот глобален досег во 90 земји продолжува да расте и бараме посветени и амбициозни луѓе кои ќе ни помогнат да ги постигнеме нашите цели. Сите ние сме водени од истите основни вредности и веруваме во моќниот потенцијал на големите компании да имаат позитивно влијание врз светот.

Во моментов бараме уште еден член на тимот кој ќе ни се придружи во СЕКТОРОТ ЗА ПРОДАЖБА како СОВЕТНИК ЗА ТЕХНИЧКА ПРОДАЖБА.

Вашите задачи:

  • Познавање на карактеристиките и квалитетот на Кнауф системите
  • Промоција на Кнауф системите на македонскиот пазар
  • Техничка поддршка на инженерите при користење на Кнауф системите
  • Активно познавање на профилот на купувачите и конкуренцијата
  • Организација на промотивни активности
  • Организација на обуки, семинари и презентации за сите целни групи
  • Техничка грижа за објектите во кои се вградуваат Кнауф системите

Она што ние би сакале да го имате:

  • Диплома за завршен Архитектонски или Градежен факултет
  • Претходно работно искуство на слична позиција
  • MS Office
  • CAD графички програми
  • Англиски јазик
  •  Возачка дозвола Б категорија

Ние сме заинтересирани за вас како личност; вашиот став, однесувања и вредности. Сè додека имате желба и сте подготвени да научите се што ви е потребно за оваа работна позиција, ние би сакале да разговараме со вас.

Ние ви нудиме:

  • Компетитивна плата
  • Можност за годишна премија за постигнати резултати
  • Службено возило
  • Програми и обуки за развој на вашата кариера
  • Динамична работа во брзо растечка, глобална компанија
  • Работа со тим од професионалци и индивидуалци кои веруваат во интегритет, тимска работа и отворена комуникација

Што е следно?

Цениме дека вашето време е драгоцено и аплицирањето за нова работа може да биде долг процес - затоа се обврзуваме да одговориме на вашата апликација во рок од пет работни дена.

Доколку сакате да работите во меѓународна компанија со можности за личен и професионален развој, Ве повикуваме да ја испратите Вашата професионална биографија (CV и мотивационо писмо) најдоцна до 12.09.2024 преку копчето за БРЗА АПЛИКАЦИЈА. Компанијата Кнауф го задржува правото да ги повика на интервју само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор.

Напомена: Во согласност со законот за заштита на лични податоци со самото испраќање на Вашата апликација согласни сте вашите податоци да се чуваат, обработуваат и користат исклучиво за целите на регрутација и селекција.

Повеќе информации околу Вашите права за обработка на податоците, како и за начинот на обработка на податоците можете да добиете на следната меил адреса:  [најави се за да го видиш е-маилот]

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Поврзани огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »