ОПЕРАТОР ВО ПРОИЗВОДСТВО

  • Објавен пред една недела
  • KEMET Electronics
  • Активен до 25.10.2018
  • Позиција: Останато
  • Локација: Скопје

Активни огласи од KEMET Electronics:

Customer Support Representative

КЕМЕТ Електроникс Корпорацијата е водечки глобален снабдувач на електронски компоненти.

Како компанија, нудиме најширок избор на кондензаторски технологии во индустријата, заедно со проширување на опсегот на електромеханички уреди, решенија за електромагнетна компатибилност и суперкондензатори.

Фабриката на КЕМЕТ Електроникс Македонија која е лоцирана во Технолошко индустриската развојна зона 1, Бунарџик, за потребите на своите производни капацитети  објавува оглас за две слободни работни места на позиција:

ОПЕРАТОР ВО ПРОИЗВОДСТВО

Одговорности

  • Ракување со сите релевантни машини, алати и опрема, извршување на сложени производствени задачи во согласност со инструкциите и стандардите на компанијата;
  • Поставување и прилагодување на опремата согласно спецификациите за производство;
  • Следење на квалитетот на производот, со цел навремено  да се идентификува, отфрли или спречи произведство на неисправни производи;
  • Изготвување на точни дневни извештаи за потребите на производство за да може континуирано да се анализираат перформансите;
  • Менторирање и обуки на помалку искусни работници со цел да  се овозможи правилно користење на опремата за производство како и решавање на тековни проблеми.

Барања, Вештини и Компетенции

  • Завршено средно техничко образование;
  • Познавања од електроника, електрика или механика;
  • Претходно искуство во производство или со електроника  ќе се смета за предност;
  • Детално ориентиран и организиран во својата работа;
  • Способност за следење на работни инструкции;
  • Лични вештини и компетенции: точност, флексибилност, чесност, независност, организираност и одговорност;
  • Организациски вештини и компетенции: способност за планирање и организирање на работата.

Доколку сте заинтересирани за објавената работна позиција и сметате дека поседувате вештини со кои би одговориле на работните задачи , Ве молиме испратете апликација  (Професионална биографија), до 25.10.2018 година, со наслов Оператор во прпозводство / Вашето име и презиме на: macedoniacv@kemet.com
Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг.
Апликациите ќе се чуваат во нашата база на податоци во период од една година.

 

КЛИКНИ