Економист

Сана Транс ДООЕЛ, е реномирана транспортна компанија, специјализирана за организирање на меѓународен транспорт и логистика на стоки во патниот сообраќај. 

Поради проширување на својот тим, „Сана Транс ДООЕЛ“ - Скопје, распишува оглас за вработување на неопределено време на работна позиција:


ЕКОНОМИСТ
 

Потребни квалификации:

  • Завршено (минимум) средно економско образование,
  • Најмалку две (2) години работно искуство во областа на архивско и финансиско сметководство,
  • Работно познавање на компјутери и програми за канцелариско работење,
  • Одлично познавање на пакетот компјутерски алатки MS Office,
  • Возачка дозвола од „Б“ категорија,
  • Познавање на Англиски или Германски јазик ќе се смета за предност.


Работни задачи и одговорности:

  • Водење на финансиско сметководство,
  • Административно, канцелариско и архивско работење,
  • Изготвување и книжење на влезни и излезни фактури,
  • Евидентирање на дневни банкарски изводи, подигање и евиденција на транспортни дозволи, 
  • Испраќање/примање и заведување на пошта.


Личен профил:

  • Одговорност, професионалност, точност и експедитивност,
  • Претпазливост, прецизност и внимателност во работењето,
  • Лојалност, иницијативност и позитивен став,
  • Комуникативност, љубезност и флексибилност.

Сите заинтересирани кандидати, својата професионална биографија можат да ја достават на следната e-mail адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака: „Економист“ или преку kariera.mk.


Лице за контакт:
Даница Дајиловска
Тел: 070/670-689

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »