Доставувачи

За компанијата: Еден од најголемите ланци на ресторани во светот и лидер во начинот на подготовка и послужување на пилешко! повеќе за компанијата »

Активни огласи од КАН Интернатионал:

Доставувач на храна

Зошто КФЦ Македонија?

KFC е еден од најголемите ланци за храна во светот, со повеќе од 22.000 ресторани во околу 130 земји. КФЦ Македонија во моментот има шест ресторани, и е во процес на отворање на уште многу ресторани.

Секој ден поминат во КФЦ носи нова можност да бидете подобри и да се забавувате! KFC е фантастично место за работа, со динамично опкружување и одлични можности за оние кои сакаат да напредуваат во својата кариера. Тајната на нашиот оригинален рецепт е нашиот супер тим, кој ги прави нашите гости среќни секој ден.

Ако сакате да се придружите на нашето големо семејство, имаме отворена позиција за Вас.

KFC Македонија вработува: Доставувач

Потребни квалификации:

  • Завршено средно образование.
  • Возачка Б-категорија, (активен возач најмалку 2 години)
  • Подготвеност за придржување кон пропишаните рути, возниот ред, безбедносните правила и закони во сообраќајот.
  • Способност за управување со време
  • Добри комуникациски вештини и одговорен пристап кон работата
  • Претходно работно искуство на иста или слична работна позиција ќе се смета за предност

Што нудиме ние:

  • Работа во меѓународна компанија со можност за кариерен раст и развој,
  • Основна плата и додатоци на плата за работа ноќе, недела и за празник,
  • Тимски месечен бонус за остварен таргет,
  • Бонус за лојалност кој се исплаќа на крајот од секоја година,
  • Бонус за препорачан пријател,
  • Дополнителен слободен ден за роденден и подарок ваучер-викенд за двајца,
  • Можност за стипендија на реномирани факулети,
  • Работа во смени по однапред дефиниран распоред,
  • Организиран и платен превоз за втора смена,
  • Платен минат труд,
  • Дневен бесплатен оброк,
  • Попуст од 20% на сите производи во сите KFC ресторани.

Доколку сакате да се приклучите на нашето КФЦ семејство, ја очекуваме вашата апликација! Испратете го вашето CV на  [најави се за да го видиш е-маилот] , со напис,, Доставувач, најдоцна до 29.12.2023 година.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »