Плата од 25.000 ден. до 40.000 ден.
Позиција: Продажен асистент
Мобилара од Скопје поради проширување на својот тим бара Продажен асистент (со и без работно искуство во оваа област). Станува збор за стабилна и реномирана мобилара, која постои 12 години на пазарот и има четири продажни локации во Скопје. Нашата компанија може да ви понуди редовни и солидни месечни примања, континуирана обука, пријатни услови за работа, постојани бонуси кои зависат од успешноста во работењето.
За работната позиција се потребни продажни, комуникативни способности, способност за тимско и индивидуално работење. Лицата е потребно задолжително да имаат валидна возачка дозвола и да се активни возачи.
Лицата кои имаат познавање и работно искуство со продажба и сервис на мобилни телефони, електроника, мобилна галантерија, маркетинг на социјални медиуми ќе имаат предност при вработувањето.
Доколку сакате да станете дел од нашиот продажен тим и да продолжите да се развивате во нашата компанија, Ве замолуваме вашата кратка биографија (CV) да ја испратите на следниот e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот]
Личните податоци се доверливи информации и ќе бидат спроведени согласно Законот за заштита на лични податоци. Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.