Маркетинг промотер со познaвање на германски јазик со швајцарски дијалект (м/ж)

За компанијата: Специјализирани за искуство со клиенти, продажба и маркетинг преку гласовни и дигитални канали. повеќе за компанијата »

Стани дел од тимoт за нашиот нов проект на германски јазик со швајцарски дијалект! Станува збор за маркетинг проект за еден од нашите странски клиенти чија дејност е поврзана со продажба на широка палета на производи за подобар сон. Замисли го својот работен ден во кој им овозможуваш на заинтересираните клиенти да ги запознаат подобро производите дизајнирани да го подобрат квалитетот на нивното спиење а со тоа и нивното целокупно здравје. Овој проект не опфаќа продажба, па биди подготвен/а да се нурнеш длабоко во светот на маркетингот, подобрувајќи ги своите комуникациски вештини и уживајќи во флексибилните можности кои оваа работна позиција ги нуди!

 

Што ти нудиме?

  • Конкурентна плата од 960 евра

  • Бонус за перформанси до 150 евра

  • Бонус за редовност од 80 евра

  • Приватно здравствено осигурување

  • Флексибилно работно време

  • Можност за работа на скратено работно време

  • Работа од понеделник до петок, неработни викенди

  • Работа од канцеларија во Скопје во почетниот период со флексибилност за работа од дома по успешно совладување на работата

  • Бонуси за препораки на пријател

  • Пријатна и динамична работна атмосфера

  • Можност за личен и професионален напредок - новиот тим штотуку се формира и ќе бидат потребни идни лидери

  • Можност за стекнување нови знаења - пристап до компаниска платформа за учење и стекнување нови вештини

  • Можност за стекнување меѓународно искуство во текот на кое ќе запознаеш многу колеги од целиот регион

 

Придружи ни се како Маркетинг промотер со познaвање на германски јазик со швајцарски дијалект

  • Работата започнува со обука со која ќе се запознаеш со системот за работа и процесите потребни за нејзино успешно извршување

  • Ќе комуницираш со клиенти од Швајцарија на германски јазик со швајцарски дијалект

  • Комуникацијата со клиентите генерално е поврзана со промотивни настани за производите кои компанијата ги нуди и презентирање на можноста истите да се видат во живо  

  • Ќе имаш целосна поддршка од својот тим лидер како и од останатите членови на тимот

Што бараме?

  • Одлично познавање на германскиот јазик со швајцарски дијалект (усмена комуникација)
  • Основно познавање на компјутерско работење
  • Одлични комуникациски вештини
  • Љубопитност и желба за учење на нови работа
  • Способност за тимска работа и работа во динамично опкружување
  • Желба за подобрување и развивање на себеси од личен и професионален аспект

 

Како изгледа животот во Транском?

Во Транском сме неуморно посветени. На нашите клиенти и едни на други. Секој ден некој започнува свое патување со Транском. Искористувајќи го потенцијалот кој го има денес и претворајќи го во вештини корисни за во иднина. Добивајќи признанија за напорната работа, тимскиот дух и поддршката на другите. Поткрепувајќи позитивни, трајни промени во своите тимови и заедници. Такви сме ние во Транском. Овде се грижиме и навиваме едни за други. Вклучени сте, баш такви какви што сте, уште од првиот ден. А со вистинскиот начин на размислување, нема граници за тоа колку далеку можеме да одиме заедно.

 

Доколку си заинтересиран/а, аплицирај на следниов линк: https://cityconnectnorthmacedoniatranscom.recruitee.com/o/8atdwg95s1 Интервјуата се веќе во тек!

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »