Technical Sales Product Specialist

  • Објавен на 4.2022
  • ВИСИОН ДОО Скопје
  • Активен до 22.04.2022
  • Позиција: Сервисери и монтери
  • Локација: Скопје

(преземи го огласот во Word)

TECHNICAL SALES PRODUCT SPECIALIST

Опис на позицијата:

  • Tехнички специјалист за продажба и имплементација на продукти и системи во област професионално аудио - видео.
  • Креирање, продажба и имплементација на актуелни технички решенија водени од желбите на клиентите и нивните потреби и можности.
  • Изработка на предлог решенија во претпродажба
  • Презентација и демонстрирање на продукти / системи на клиенти
  • Тестирање, дијагностика и калибрација на инсталираните системи
  • Интервенции во случај на дефекти и координација со партнерските фирми – производители за благовремено отстранување на проблемот
  • Посета и одржување блиски контакти со клучни клиенти
  • Техничка поддршка на инсталираните системи
  • Следење на развојот на новите технологии: аудио & видео, IP

 

Потребни се следниве квалификации:

 

  • 3+ години работно искуство во сегментот професионално аудио и видео, радиодифузија, планирање – дизајн, продажба, имплементација, сервиси...
  • Одлично познавање на опрема и системи за озвучување
  • Одлично познавање на опрема и системи за аудио - видео конференции и комуникации.
  • Одлично познавање на опрема и системи за презентација (проекции, дисплеи,...)
  • Солидно познавање на IT технологија и IP мрежни комуникации
  • Способност за комуникација со клиенти во позитивна конотација, со желба да се помогне во решавањето на нивните проблеми / задачи
  • Одлично познавање на англиски јазик со искуство во деловна комуникација
  • Способност за работа во временски ограничени термини / рамки
  • Одличен тимски играч
  • Возач Б категорија

Она што ќе ве направи посебен:
 

  • Способност и желба за брзо учење
  • Посебен интерес за новите дигитални технологии во оваа област
  • Одговорност и агилност
  • Енергија и ентузијазам. Самостоен, позитивен начин на работење кој води кон брзо напредување. Силно мотивиран член на тимот кој секогаш е спремен да истрча уште еден километар повеќе
  • Извонредна смисла за хумор ис хајли апришиејтед

 

Ние нудиме:

 

  • Работа во пријатна околина, ентериер и релаксирана атмосфера.
  • Неформална, “family like” компаниска култура .
  • Редовна, конкурентна и стимулативна надокнада.
  • Нашата експертиза е базирана на константно учење и унапредување на вештините. Континуирано се следат новите технолошки достигнувања во сегментот, во соработка со нашите партнери, преку разни предавања, конференции, тренинзи, семинари....
  • Релаксација во демо соба со врвни аудиофилски компоненти
  • Освежителни пијалоци
  • Тим билдинг активности со нашите пријатели од едриличарскиот клуб Нов Ветер

 

 CV со мотивациско писмо испратете на [email protected]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »