Унион Алфа лого

Комерцијалист за продажба

За компанијата: Со речиси две децении искуство, Унион Алфа е трговска компанија со постојан раст со локално и глобално присуство. Специјализирани во трговија во металуршката индустрија повеќе за компанијата »
  • Објавен пред еден ден
  • Унион Алфа
  • Активен до 05.04.2025
  • Позиција: Комерцијалист/Агент
  • Локација: Скопје
  • Веб: unionalfagroup.com

Активни огласи од Унион Алфа:

Административен работник

ОГЛАС ЗА РАБОТА – КОМЕРЦИЈАЛИСТ ЗА ПРОДАЖБА

Позиција: Комерцијалист за продажба

Компанија: Унион Алфа

Локација: Скопје

Тип на работа: полно работно време

Јазици: македонски, англиски

Образование: Машински факултет, Технолошко – металуршки факултет, ПМФ -Хемија, Земјоделски факултет

Искуство: Минимум 1 година работно искуство на иста или слична позиција

За нас:

Со речиси две децении искуство, Унион Алфа е трговска компанија со постојан раст и со локално и глобално присуство. Специјализирани во трговија во металуршката индустрија, бараме мотивирана и организирана личност да се приклучи на нашиот тим како комерцијалист за продажба.

Одговорности:

  • Активно барање нови клиенти и одржување односи со постојните
  • Подготовка и спроведување на продажни стратегии
  • Договарање и склучување продажни зделки
  • Истражување на пазарот и следење на конкуренцијата
  • Изготвување понуди и деловни извештаи
  • Комуникација со деловни партнери и клиентска поддршка
  • Одржување состаноци на терен и/или онлајн со потенцијалните клиенти за да се разберат нивните барања
  • Ефективна презентација и демонстрација на палетата на производи

Потребни квалификации:

  • Искуство во продажба, по можност во B2B сектор
  • Одлични комуникациски и преговарачки вештини
  • Организираност и ориентираност кон резултати
  • Познавање на MS Office и деловна кореспонденција
  • Течно познавање на англиски јазик (предност е познавање на дополнителен јазик)
  • Возачка дозвола Б-категорија

Придобивки:

  • Конкурентна плата со редовна евалуација.
  • Можности за професионален развој и напредок.
  • Динамична и тимска работна средина.

Испратете го вашето CV на [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · колумни · технологија · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување » барај останати огласи »