Менаџер за квалитет

Т.Х.Ц Куалити Груоп ДОО е нова фармацевтска компанија за производство на медицински канабис, која нуди одлични работни услови и можност за постојана надоградба со амбициозен и професионален тим кој има големо искуство во областа.

Компанијата е во потрага по кандидати за следните позиции:

  • Менаџер за квалитет, една позиција

 

Основни одговорности и задачи:

  • Следење на принципите на Добра производна пракса (GMP), Добра земјоделска и колективна пракса (GACP) и соодветните ISO стандарди
  • Спроведување и усогласување на работењето со принципите на GMP, GACP и ISO
  • Составување, валидирање и проверка на процеси и процедури во согласност со GMP, GACP и ISO
  • Обезбедување, припрема и контрола на документација
  • Осигурување и одржување на постојан квалитет на производството
  • Следење на усогласеноста на работењето со стандардите за квалитет
  • Надгледување и спроведување на директен систем за контрола на квалитетот
  • Насочување и советување за корективни и превентивни мерки од аспект на квалитетот
  • Предглед на квалитетот на серија пред пуштање во продажба, преглед на аналитички и микробиолошки резултати
  • Обука на тековен и нов кадар за квалитет и принципите на GMP, GACP и ISO

 

Квалификации:

  • Најмалку 5 години работно искуство во областа на управување со квалитетот
  • Завршено високо образование (BSc.) во областа на техничките и природните науки
  • Познавање на принципитие и стандардите на GMP, GACP и ISO
  • Одлично познавање и работење со компјутерските програми MS Office
  • Одлично познавање, говорење и пишување на деловен англиски јазик
  • Способност за работа во динамично окружување, со силно внимание на детали

 

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »