Комерцијалисти

Плата од 40.000 ден. до 60.000 ден.

За компанијата: НИК Системи е приватна компанија која се занимава со инсталирање и продажба на компоненти и системи за: А. Индустриска автоматизација Б. Техничка заштита на објекти В. Детекција и дојава н позар и... повеќе за компанијата »

Почитувани Кандидати,
накратко кажано НИК Системи ДООЕЛ Скопје е врсник со РС Македонија така да веќе 32години е една од најуспешните фирми во РС Македонија во продажбата на компоненти и опрема, како и инсталирање на системи за Техничко обезбедување и Индустриската автоматизација. За да добиете подобра слика за нашата фирма, нејзиното работење и нашите странски партнери и добавувачи посетете го нашиот веб-сајт www.nik.com.mk.

     Согласно со зголемениот интерес за нашите производи и услуги на нашата фирма хитно и се потребни Комерцијалисти за продажба на опрема за:

  • Контрола и регулација на движење на возила и луѓе со електро-механички бариери
  • Компоненти и системи за Индустриска автоматизација
  • Контрола и евиденција на пристап со електронски уреди
  • Техничка заштита од кражба и упад - Алармни системи
  • Системи за детекција и дојава на Пожар
  • Системи за Видеонадзор 

    Работно време е од 08:30 до 16:30 часот од Понеделник до Петок (Викендите и Празниците се неработни) и 
покрај директната продажна, поголем дел од продажбата се одвива преку изработка на Понуди со решенија во согласност со барањата добиени од нашите клиенти, па согласно со тоа 
од кандидатите се бара:

  • Да имаат Средно или Високо Електро-техничко образование и
  • Познавање и афинитети за електроника и електронски уреди
  • Да бидат комуникативни и услужливи 
  • Добри познавања во работењето во MS Office (Word и Excel)
  • Добро познавање на пишаниот Македонски и Англиски јазик
  • Да имаат Возачка дозвола Б-категорија

    Во првите 3-месеци кандидатите ќе имаат соодветна обука и во тој период месечните примања ќе бидат 35.000ден. Примањата по завршување на обуката се движат од 40.000 до 60.000ден и тоа во зависност од напредувањето, а со тоа и успешноста во работењето. При тоа покрај Бонусите на месечните примањ на крај на секоја година ќе се  доделуваат награди на најдобрите работници.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »