Телефонски оператори

За компанијата: Подружницата на Mellon Technologies и член на Mellon Group е основана во 2003 година во Скопје. Компанијата е воспоставена на пазарот поради нејзината доминантна улога во воведувањето и рационализирањето... повеќе за компанијата »

Мелон е водечка грчка мултинационална групација која нуди специјализирани решенија и услуги со цел да ги задоволи барањата на финансиските институции и другите организации чиј бизнис е насочен кон големи групи на клиенти. Мелон Групацијата е со седиште во Атина, Грција и моментално брои преку 6.000 вработени во 12 земји.

Мелон Солушнс Дооел, членка на Мелон Групацијата, за својата канцеларија во Скопје има потреба од:

 Телефонски оператори

[реф. бр. 2021-012Telephone Operators]

Профил на работната позиција:

  • Одговарање на дојдовни повици;
  • Грижа за потребите на клиентите и нивните барања во однос на обезбедување дополнителни услуги;
  • Следење на повратните информации од клиентите во насока на подобрување на услугите;
  • Подготовка, прецизно внесување на податоци и скенирање на документација и
  • Активна комуникација со клиентите.

Профил на кандидатот:

  • Завршено средно образование;
  • Основно познавање на MS Office;
  • Солидно познавање на англиски јазик;
  • Способност за справување со голем број информации;
  • Одлични комуникациски вештини.

Услови:

  • Работниот процес се одвива во 3 смени;
  • Изборот ќе се изврши согласно роковите предвидени во Законот за работни односи.

Компанијата го задржува правото да не избере ниту еден кандидат.

Заинтересираните кандидати треба да ја испратат својата биографија на следната e-mail адреса: jobs.mk@mellongroup.com најдоцна пет дена од објавувањето на огласот.

Мелон Солушнс Дооел

ул. Рузвелтова, бр.19,

1000 Скопје

 

Согласно Законот за заштита на лични податоци, по истекот на рокот за избор на кандидатот сите пристигнати биографии ќе бидат уништени.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »