Персонал за работа

Градинарски центар ФОЈА, со локација на Борис Трајковски 152А,Скопје заради зголемен обем на работа вработува Флорамисионери за повеќе работни позиции,на неопределено време

       Што нудиме:

  • Работа во пријатна,пријателска и професионална работна средина
  • Пријавени на неопределено работно време(8-часа)
  • Редовна исплата на плата
  • Можност за награди за успешност и бонуси за вработени кои посебно ќе се покажат и истакнат во завршувањето на поставените работни задачи

1.ПРЕЗЕНТЕРИ ПРОДАВАЧИ 4 (четири лица) М/Ж

Работни обврски:

  • Работа со клиенти, потенцијални купувачи и корисници на услуги (презентирање на    растенија,градинарски додатоци и услуги кои ги нуди компанијата)
  • Одгледување и одржување на растенијата и просторот (полевање,плевење,пресадување по потреба,подредување)

Потребни квалификации:

  • Степен за образование ССС/ВСС
  • Основно познавање од областа на хортикултурата,растенијата и нивните карактеристики
  • Способност за љубезна и срдечна комуникација со клиенти
  • Подготвеност за работа во тим
  • Вреден и одговорен однос кон работните обврски
  • Претходно работно искуство е предност, но не е задолжително
  • Возачка Б Категорија предност,но не е задолжително

 Почетна плата: 26000-30000 денари во зависност од квалификациите и работното искуство

2. ГРАДИНАРИ 4 (четири лица) М/Ж ЗА УРЕДУВАЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ НА ЗЕЛЕНИ ПОВРШИНИ

Работни обврски:

  • Уредување и одржување на зелени површини (копање,садење,пресадување,кроење,плевење,полевање итн.)

Потребни квалификации:

  • Желба за работа со растенија
  • Подготвеност за физички напор при работата
  • Возачка Б Категорија
  • Вреден и одговорен однос кон работните обврски
  • Подготвеност за работа во тим
  • Претходно работно искуство е предност, но не е задолжително

 Почетна плата: 28000-32000 денари во зависност од квалификациите и работното искуство

3. ГРАДИНАРИ-РАСАДНИЧАРИ – 4 (четири лица) М/Ж    

Работни обврски:

  • Одгледување и одржување на растенија (садење,пресадување,плевење,полевање,преместување,подредување и сл.)во рамки на Градинарскиот центар ФОЈА

Потребни квалификации:

  • Желба за работа со растенија
  • Подготвеност за физички напор при работата
  • Вреден и одговорен однос кон работните обврски
  • Подготвеност за работа во тим
  • Претходно работно искуство е предност, но не е задолжително

Почетна плата: 26.000 - 30.000 денари во зависност од работното искуство

4. ДОПОЛНИТЕЛНИ РАБОТНИ ПОЗИЦИИ- ГРАДИНАРИ И РАСАДНИЧАРИ 10 (десет лица)М/Ж

Како дополнителна работа со скратено работно време, по договор за дело

Работни обврски:

  • Одгледување и одржување на растенија (садење,пресадување,плевење,полевање,преместување,подредување и сл.)во рамки на Градинарскиот центар ФОЈА

Потребни квалификации:

  • Желба за работа со растенија
  • Подготвеност за физички напор при работата
  • Вреден и одговорен однос кон работните обврски
  • Подготвеност за работа во тим
  • Претходно работно искуство е предност, но не е задолжително

Надомест : Во зависност од работните часови и задачи...во согласност со износот на горенаведената позиција за Градинар-расадничар

Доколку сте одговорна,позитивна и вредна личност,имате љубов кон растенијата и хортикултурата и се препознавате во наведената работна позиција

Аплицирајте на линкот https://foja.com.mk/apliciraj/        

Контактирајте не на: 02 2772 046 / 078 225 897 или испратете ни кратка биографија-CV на [најави се за да го видиш е-маилот]  

Приклучете се на тимот Флорамисионери.🌿

 

 

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »