За компанијата: Најсовремна печатница во Македонија, специјализирана во високо квалитетен печат.
повеќе за компанијата »Картнер-М има потреба од графички дизајнер со искуство во печатница. Се бара личност која ќе се вклопи во брзорастечка фирма со исклучително професионален и динамичен тим составен од млади луѓе.
Задолжителни квалификации:
- Високо познавање на Adobe Illustrator, Corel, Photoshop и InDesign
- Добро познавање на англискиот јазик
- Одлично познавање на печатарската индустрија
- Најмалку 3 години релевантно работно искуство во печатница
- Професионално, брзо и одговорно работење
Работни обврски:
- Подготовка за печат на дигитална и флексо машина
- Подготвување припреми за изработка на алати како клишиња, топол печат, сито печат, штанци.
- Дизајнирање етикети за секаков вид производи
- Работење на програми за подготовка (prepress)
- Адаптирање и уредување припреми за печат
- Постојана комуникација со клиентите
Што нудиме:
- Почетна нето плата: По договор, во зависност од знаењето и искуството.
- Работно време: Понеделник до петок, 07:00 - 15:00
- Работење на компјутер со високо перформанси - iMac
- Службен мобилен телефон
Вработениот соодветно ќе биде обучен и запознаен со работата.
Картнер-М е најсовремена печатница во Македонија специјализирана за изработка на високо квалитетни етикети за голем број реномирани компании од Македонија, Европа, Азија и Северна Америка.
Сите заинтересирани кандидати да испратат CV на [најави се за да го видиш е-маилот]
Само одбрани кандидати за интервју ќе бидат контактирани.
Слични огласи »