ИТ Специјалист

За компанијата: Флекс Кредит ДОО Скопје е Македонска небанкарска финансиска институција, регистрирана од Министерство за финансии на република Северна Македонија под број 13-1659/2.Компанијата обезбедува брзи потрошувачки... повеќе за компанијата »

Флекс Кредит како финансиско друштво е водечки играч во делот на брзи кредити во Романија, Бугарија  и  Македонија. Нашата компанија спроведува политика на иновации и верува дека личниот развој е најважен. Затоа се осмелуваме да се наречеме привлечен работодавец .

Согласно брзиот раст на компанијата како и тековните потреби процеси и активности на Флекс Кредит тука во Македонија, објавуваме оглас за пополнување на следната работна позиција  ИТ Специјалист. 

Основно квалификации и барања кои кандидатот треба да ги исполнува:

  • Завршено Високо образование од областа на информатика и компјутерските науки
  • Работно искуство на иста позиција од најмалку 3 години
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Поседува возачка дозвола Б категорија

 Идеалениот кандидат задолжително треба ги поседува следните познавања, вештини и квалификација.

  • Имплементација, оптимизација и одржување на  Windows File Server, Windows Server Update Services (WSUS), MS Exchange Server, MS System Center Configuration Manager (SCCM).
  • Имплементација, администрација, оптимизација, управување и одржување на Windows Server OS
  • Инсталација на Windows Desktop/ Linux OS;
  • Активно го следи развојот на информациската технологија и негова примена во пракса;
  • Професионален пристап кон работните обврски;
  • Ефикасно управување со време, приоритети и почитува рокови;
  • Чесност и доверливост;
  • Одлични комуникациски вештини;
  • Ориентираност кон решавање на проблеми, креативно и критичко размислување;
  • Способност за тимска работа

Работни задачи:

  • Врши набавка и инсталација на ИТ опрема за потребите на компанијата
  • Инсталација, администрација, мониторинг и сервисирање на Оперативните системи и техника во филијалите
  • Администрација и одржување на систем за бекап на податоци и развој, управување и тестирање на процедури за бекап и враќање на податоците;
  • Поставување, инсталација, одржување, следење и евидентирање на дефекти при работата со компјутерската и мрежната опрема и комуникациските уреди;
  • Комуникација и координација со надворешни вендори – од областа на телекомуникации, обезбедување и сл.
  • ИТ поддршка на вработените во Флекс Кредит при нивна работа со техника и софтвер
  • ИТ подршка при оддржување на корпоративната веб страна

Услови од компанијата:

  • Атрактивна плата плус годишен бонус според политиката на компанијата
  • Можност за професионален развој и напредување
  • Можност за дополнителна обука и тренинг
  • Работа во динамична средина во брзорастечка компанија

Работното време започнува од 09:00 часот до 17:00 часот, Понеделник - Петок

Аплицирањето може да го направите на самиот оглас со притискање на копчето АПЛИЦИРАЈ или пак да испратите CV на имејл   [најави се за да го видиш е-маилот]  со назнака ИТ Специјалист.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »