Општ работник

  • Објавен на 11.2018
  • Реплек Фарм
  • Активен до 19.11.2018
  • Позиција: Останато
  • Локација: Скопје

Друштво за фармацевтско хемиски производи РЕПЛЕК ФАРМ ДООЕЛ Скопје, бара да назначи извршител за следната позиција:

ОПШТ РАБОТНИК
во Сектор Комерција    
(складишта - магацин)
со и без работно искуство

Работниот однос се заснова на определено време од 3 месеци со можност за продолжување.

Кандидатот треба да има:

  • Завршено средна стручна спрема - IV степен
  • Мотивација за работа во високо конкурентна средина
  • Одлични способности за комуникација и за тимска работа
  • Професионалност во работењето
  • Возачка дозвола - Б и Ц категорија

Работното време е во една смена
I смена  08,00 - 16,00 часот

Работното време во текот на неделата изнесува 40 часа.

За бараната позиција компанијата нуди основна нето плата во висина од 17.400,00 денари.                         

Доколку сте заинтересирани и ги исполнувате бараните услови за позицијата, Ве молиме да ги доставите следните документи:

Кратка биографија (CV) на македонски јазик со Ваш контакт телефон и емаил адреса.

Фотокопија од диплома
Доказ за работно искуство (листа за стаж од ПИОМ)
 

на следната адреса:

РЕПЛЕК ФАРМ ДООЕЛ Скопје Ул. Козле 188 - 1000 Скопје, или на емаил адреса [најави се за да го видиш е-маилот]

Огласот трае заклучно со 19.11.2018 година.

Изборот се врши по пат на лично интервју во рок од 45 дена.

Контакт телефон (02) 3088-780

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »