ЕЛЕКТРОМОНТЕР (М/Ж)

За компанијата: Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје е компанија чија главна дејност е дистрибуција на електрична енергија. Компанијата е дел од EVN групацијата. ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА вработува професионалци од различни... повеќе за компанијата »

Активни огласи од ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА ДООЕЛ Скопје:

Електродистрибуција - идни генерации

За потребите на Корисничкиот Енерго Центар Битола, Група 2 – Служба за корисници, бараме:


ЕЛЕКТРОМОНТЕР (М/Ж)
 
 
Опис на работните задачи:

  • Исклучување и повторно вклучување на корисници на дистрибутивната мрежа,  
  • Отчитување на податоци од броила,  
  • Контрола на приклучоци и мерни места,  
  • Замена на броила на корисници,  
  • Прием, обработка, чување, ажурирање, средување на документација,   
  • Помош при отстранување дефекти,  
  • Откривање и пријавување неправилности на електроенергетски објекти и мерни уреди.

 
 
Потребни квалификации и лични карактеристики:

  • IV степен електротехничко образование – енергетика,  
  • Квалификации за работа под напон ќе се сметаат за предност,  
  • Компјутерски познавања ќе се сметаат за предност,  
  • Возачка дозвола, 
  • Одговорност, лојалност, тимска работа,   
  • Комуникативност, флексибилност.

 
 
Доколку сте заинтересирани за кариера во ЕВН Електродистрибуција, на [најави се за да го видиш е-маилот] испратете куса биографија и мотивационо писмо, или потполнете ја електронската апликација на нашата интернет-страница http://www.evn.mk најдоцна до 12.01.2018.
 
Напомена: Доколку сакате Вашите податоци да бидат зачувани во нашата база на податоци согласно Законот за заштита на лични податоци, покрај биографијата и мотивациското писмо треба да испратите и изјава за дозвола за користење на лични податоци за потребите за вработување (https://www.evn.mk/Careers/OnlineApplication.aspx)
 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »