Унапредувач на продажба

  • Објавен пред 11 месеци
  • Алма - М ДООЕЛ
  • Активен до 14.01.2017
  • Позиција: Продавач/трговец
  • Локација: Струга

Активни огласи од Алма - М ДООЕЛ:

Комерцијалист - Битола

Објавува ОГЛАС за вработување на персонал за следните работни позиции

УНАПРЕДУВАЧ НА ПРОДАЖБА ЗА СТРУГА – 1 извршител

Потребни квалификации:

  • Минимум завршено средно образование
  • Претходно работно искуство на иста или слична позиција ќе се смета како предност
  • Работно познавање од компјутери (MS Office пакет)
  • Возачка дозвола  Б – категорија, активен возач (минимум 2 години)
  • Познавање на англиски јазик

Очекувани вештини и способности:

  • Одлични комуникациски и преговарачки вештини
  • Организациски и аналитички способности
  • Мотивирана и стабилна личност
  • Динамични, иницијативни и насочени кон резултати
  • Ориентираност кон клиенти
  • Способност за индивидуална и тимска работа
  • Флексибилност за работа на терен

Сите што ги поседуваат горенаведените квалификации СЕ ПОКАНЕТИ ДА АПЛИЦИРААТ

Вашата Професионална Биографија можете да ја доставите на следната e-mail адреса: vrabotuvanje@alma-m.mk со задолжителна назнака „за УНАПРЕДУВАЧ НА ПРОДАЖБА ЗА СТРУГА“.

Напомена:

  • Работниот однос се заснова на определено време од 1 месец со можност за продолжување.
  • САМО апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
  • Апликациите без назнака НЕМА да бидат разгледани!
  • Дневно работно време е претпладне, од 08.00 до 16.00 часот, од понеделник до петок.
  • Рокот за пријавување по огласот трае 5 работни дена од објавата
  • Рокот во кој ќе се изврши изборот – доколку на јавниот оглас се пријават до 200 кандидати за огласеното работно место изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати за огласеното работно место изборот се врши во рок од 90 дена и над 500 кандидати за огласеното работно место изборот се врши во рок од 120 дена, по истекот на рокот за пријавување.

АЛМА-М ДООЕЛ Скопје е секогаш отворена за соработка со кандидати кои се вредни ентузијасти и сакаат да работат со тим кој секогаш е спремен за нови предизвици во иновативна и динамична околина.

КЛИКНИ