Друштво за производство на акумулатори ТАБ МАК лого

Електричар

За компанијата: Друштвото за производство на акумулатори ТАБ МАК ДООЕЛ Пробиштип е една од водечките компании во североисточниот регион на Република Северна Македонија. Работи успешно, гарантира долгорочна стабилност. ТАБ МАК ДООЕЛ Пробиштип е општествено одговорна коомпанија која се грижи за чиста и безбедна работна средина според европски стандарди (ISO 14001, ISO 9001). ТАБ МАК ДООЕЛ Пробиштип поради зголемување на производствениот капацитет, има потреба од проширување на својот тим и распишува оглас на следниве работни позиции

ЕЛЕКТРИЧАР

Опис на работно место:

  • Решавање и отстранување на дефекти на машини
  • Превентивно одржување
  • Преглед на електрични шеми и техничка документација
  • Демонтажа и монтажа на електронски уреди и машини
  • Проследување на податоци за дефекти до претпоставени
  • Предлози за намалување на дефекти
  • Инсталација на нови системи, поврзување и пуштање во активна работа

Квалификации:

  • ССС - Стручно образование во областа на електрика;
  • Со или без работно искуство
  • Насоченост кон достигнување на поставените цели;
  • Комуникативност и способност за тимска работа;
  • Чувство за работа со луѓе;
  • Способност за решавање на конфликтни ситуации;

Компанијата нуди:

  • Редовни месечни примања
  • Континуирана обука и можност за напредување
  • Регрес за летен одмор чија висина се утврдува секоја година со одлука на раководството (во 2024 година исплатен е максимален регрес во висина од 720 ЕУР во денарска противвредност);
  • Новогодишенен бонус  чиј износ се утврдува на крајот на календарската година врз основа на успешноста од работењето (во 2024 година исплатен е новогодишен бонус во износ од 500 ЕУР во денарска противвредност);
  • Додаток за работен стаж во износ од 0,5% за секоја година работен стаж;
  • Прекувремена работа, ноќна работа, работа во смени се плаќа согласно позитивните законски прописи во државата;
  • Трет дополнителен пензински фонд (се исплаќа по 3 месеци работен стаж во фирмата и во износ од 3% );
  • Дополнително приватно здравствено осигурување (по 3 месеци работен однос);
  • Колективно осигурување од незгода;
  • Организиран превоз или покриени патни трошоци
  • Организирана исхрана во фабриката (достапни се неколку менија);
  • Обезбедена ХТЗ опрема, чиста и безбедна работна средина (перална и тушеви во фабрика, по завршување на работна смена);
  • Новогодишен подарок за секој вработен;
  • Роденденски подарок за секој вработен;
  • Јубилејна награда 10 години;
  • Можност за патување за Ден на фабирка за најдобри работници;

Доколку ги исполнувате условите, имате претходно искуство или верувате дека сте вистинската личност за наведената работна позиција, испратете кратка биографија (CV) на e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот] , или лично во просториите на ТАБ МАК, на ул. Македонски револуционери бр.50, Пробиштип, најдоцна до 04.03.2025 година, со назнака за позиција за која се аплицира.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување » барај останати огласи »