
За компанијата: Од 1994 година ДУНА е водечка команија присутна во бизнис секојдневието во Македонија. Со канцеларии и во Албанија и Србија. Со успешни проекти и во Косово. Посветено работиме на нашата мисија која започна...
повеќе за компанијата »МЕНАЏЕР ЗА ПРЕТПРОДАЖБА
Веќе трета деценија ДУНА е водечка компанија присутна во бизнис секојдневието во Македонија, со канцеларии и во Албанија и Србија. Официјални партнери на Ricoh, Poly, Apple, Konka, Brahler, Tentnology, Zebra, Lenovo, ги следиме светските IT трендови, но истовремено пласираме и сопствени иновативни идеи во кои неизмерно веруваме и со тоа успеавме да станеме препознатлив бренд, кој според многумина е IT трендсетер во регионот.
Како менаџер за претпродажба во компанија која обезбедува технички решенија, вашата примарна одговорност е поддршка на продажниот тим преку обезбедување техничка експертиза и насоки во текот на процесот на продажба.
Менаџерот ја има клучната улога да се осигура дека дека решенијата кои ги нуди Дуна се усогласени со потребите на потенцијалните клиенти и дека истите се остварливи и исплатливи.
Некои од клучните должности и одговорности за менаџерот за претпродажба се:
- Соработка со тимот за продажба за да се идентификуваат барањата и потребите на клиентот
- Спроведување на технички презентации и демонстрации на потенцијални клиенти за да се прикажат решенијата на Дуна
- Постојана соработка со тимот одговорен за развој на продукти за да се осигура дека предложените решенија ги исполнуваат бараните технички спецификации
- Креирање на предлози, одговори на барањата за понуди кои целосно ги задоволуваат барањата на клиентите и ги исполнуваат деловните цели
- Спроведување на истражувања за да се утврди истрајноста на понудените решенија
- Асистенција во изработката на планови, менаџирање на времето за активностите и буџетите
- Обезбедување техничка поддршка на тимот за продажба при процесот на продажба и при целиот процес на комуникација со клиентот
- Соработка со тимот за имплементација, со цел осигурување дека понудените решенија се ефективно имплементирани и ги задоволуваат потребите на клиентот
- Постојано да е во тек со најновите трендови во техничката индистрија, најновите технологии и конкурентските решенија, се со цел решенијата кои ги нуди Дуна секогаш да се конкурентни.
Што ви нуди Дуна?
- Конкурентна плата
- Професионална и пријатна тимска атмосфера и целокупна техничка опременост за професионално работење
- Можност за надградба на своите вештини со учество на обуки, сертификација и усовршување на техниките и знаењата
- Можност за напредување
За да бидете успешни како менаџер за претпродажба во компанија која обезбедува софтверски и технички решенија, мора да имате одлично техничко познавање,супер комуникациски вештини и способност ефективно да соработувате со повеќе тимови во исто време.
Мора да имате и целосно знаење за решенијата кои ги нуди Дуна, како и за начинот на кој истите функционираат.
Исто така, мора да имате способност стратешки да размислувате и да имате одлични вештини за решавање на проблеми.
Адреса за контакт: [најави се за да го видиш е-маилот] , само селектираните кандидати ќе бидат контактирани
Бидете и вие дел од бродот кој непречено плови веќе 30 години!