Референт за внатрешен дизајн

За компанијата: Офис Плус е водечка компанија во Македонија за продажба и дистрибуција на канцелариски материјали, ИТ, канцелариски мебел, промоција, патни торби и училишна опрема. Компанијата работи на сите канали на... повеќе за компанијата »

Офис Плус, Водечка компанија во Македонија за продажба и дистрибуција на канцелариски материјал, ИТ, канцелариски мебел, промоција, патни торби и училишна опрема, 

 

Има потреба да вработи:

 

 

РЕФЕРЕНТ ЗА ВНАТРЕШЕН ДИЗАЈН

 

Одговорности и задачи:

Креирање на идеја и концепт за внатрешен дизајн
Формулирање на прелиминарните дизајн концепти кои се естетски, соодветно функционални и во согласност со кодекси и стандарди
Развивање на стил и конечен дизајн
Подготовка на скици, цртежи и спецификации и планови за осветлување, детали, материјали, планирање на просторот, мебел и опрема во согласност со универзалните упатства за пристапност и сите применливи кодови,
Преговарање за цени за материјали со добавувачи,

Потребни квалификации:

ВСС  ( Архитектонски факултет) 
Предност е претходно работно искуство на соодветна позиција но не и неопходно
Одлично и задолжително познавање на Autocad
Напредно ниво на познавање на работа на компјутер (Ms Office, Internet)
Познавање на англискиот јазик е предност.

Профил на личност:

Креативност (човек со изразени естетски критериуми за уметност и функција)
Одлични комуникациски и организациски вештини
Организираност, одговорност, лојалност и ориентираност кон цели
Самоиницијативност при извршување на работните задачи
Способност за тимска работа
Способност за работа под притисок

Испратете ваша биографија (CV) и мотивационо писмо, на e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот] ,

 

Доколку сакате предизвик, лесно се прилагодувате, одговорни сте, имате позитивен и професионален пристап кон работата и желни сте за стекнувања нови знаења, но и за споделување на своите досегашни искуства, тогаш Вие сте нашиот идеален кандидат!

Испратете кратка биографија на [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака „Референт за внатрешен дизајн”. 

и очекувајте да Ве повикаме на преелиминарно интервју!

Само одреден број на селектирани кандидати ќе бидат известени и повикани на тестирање и разговор.

Со испраќањето на вашето CV дозволувате истото да се чува и за намена вработување на исти и слични работни позиции.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »