МЕНАЏЕР ЗА ПРОДАЖБА

За компанијата: Компанијата е основана во 1991 год. во Скопје и иницијално се занимава со увоз и извоз на стоки од широка потрошувачка. Во 1996 год. за прв пат доби можност да врши увоз, дистрибуција и продажба на производите... повеќе за компанијата »

Активни огласи од Алма - М ДООЕЛ:

Финансов менаџер

Алма – М ДООЕЛ

Качанички пат бр.65а, Скопје

www.alma-m.mk

е-пошта: [најави се за да го видиш е-маилот]

објавува ОГЛАС за следната работна

 

Позиција: МЕНАЏЕР ЗА ПРОДАЖБА КАЈ КЛУЧНИ (ГОЛЕМИ) КУПУВАЧИ

Датум на објава: 14 Мај 2019

Рок за пријавување до: 20 Мај 2019

Број на оглас: О-МК-РМ-190514-7

Дивизија / Сектор: Марс

Локација / Регион: СКОПЈЕ

Супервизор: КА менаџер за продажба

 

Работни задачи:

  • Во каналот на клучни купувачи (КА) коoрдинира продажба, дистрибуција, м’рчндајзинг и наплата
  • Координира тим на Агенти за продажба во КА канал,
  • Планира продажба на месечно, квартално и годишно ниво,
  • Прави постојана анализа на продажба и пазарна структура,
  • Предлага акции, проекти и други активности со цел достигнување на планирана продажба,
  • Подготовка на месечен/неделен рутинг план,
  • Блиска комуникација со менаџмент и тим,
  • Проверки во продавници и нивно евидентирање,
  • Преговара и потпишува годишни договори со клучни купувачи,
  • Контролира задолжена роба, средства за работа и прави попис кај секој Агент за продажба најмалку еднаш месечно,
  • Спроведува тренинг и On-Field тренинг со секој Агент за продажба од тимот со кој раководи
  • Изготвува извештаи за продажба, и анализа на пазар,
  • Разгледува и конфирмира неделни планови; неделни пресеци на должници; подготвува неделни состаноци
  • други работи по опис на работно место.

 

Потребни квалификации и вештини:

  • Минимум завршено средно образование 
  • Флексибилност за работа на терен
  • Одлична комуникација, преговарање и ориентираност кон деловни клиенти,
  • Професионално однесување
  • Организирана, аналитична, мотивирана и стабилна личност
  • Динамичен/а, проактивен/а и насочен/а кон резултати
  • Способност за индивидуална и тимска работа
  • Позитивен однос кон промени
  • Работа и познавање од компјутери (MS Office пакет)
  • Поседување возачка дозвола Б – категорија
  • Познавање на назначениот регион
  • Познавање на англиски јазик

 

Потребно искуство:

  • Минимум 1 година работно искуство на слична/иста позиција во менаџмент, или најмалку 2 години искуство во директна продажба на терен.

 

Сите што ги поседуваат горенаведените квалификации и вештини СЕ ПОКАНЕТИ ДА АПЛИЦИРААТ со нивната професионална биографија која може да ја достават на следната e-пошта:  [најави се за да го видиш е-маилот] со задолжителна назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката.

 

Напомена:

  • Работниот однос се заснова на определено време од 3 месеци, период на докажување на способности, со можност за продолжување.
  • САМО апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
  • Апликациите без назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката, НЕМА да бидат разгледани!
  • Дневно работно време е претпладне, од 08.00 до 16.00 часот, од понеделник до петок.
  • Рок во кој ќе се изврши изборот – доколку на огласов се пријават до 200 кандидати, изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати, изборот се врши во рок од 90 дена и над 500 кандидати, изборот се врши во рок од 120 дена, по истекот на рокот за пријавување.
  • Ве молиме без телефонски јавувања

 

АЛМА-М ДООЕЛ Скопје е секогаш отворена за соработка со кандидати кои се вредни ентузијасти и сакаат да работат со тим кој секогаш е спремен за нови предизвици во иновативна и динамична околина.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »