Келнер/ка - Шанкер/ка

Активни огласи од РЕСОРТ МАВРОВО:

Рецепционер/ка

(преземи го огласот како слика)

Работни одговорности на Келнер во Ресорт Маврово:

- Ги пречекува и љубезно ги послужува гостите во ресторанот и одговара на нивните барања;

- Врши наплата на порачаната храна и пијалоци;

- Се грижи за одржување и хигиена во работниот простор;

- Други одговорности соодветни на работното место Келнер.

Работни одговорности на Шанкер во Ресорт Маврово:

- Подготвува пијалоци во согласност со нарачките од гостите во ресторанот;

- Се грижи за одржување и хигиена во работниот простор;

- Води евиденција за залихата на пијалоци;

- Други одговорности соодветни на работното место Шанкер.

Карактеристики кои нашиот идеален кандидат треба да ги поседува:

- Ориентиран кон задоволство на гостите;

- Да е љубезна, ведра и насмеана личност;

- Лојалност и чесност;

- Проактивна, вредна и енергична личност;

- Одговорност и посветеност кон работата,

- Високо ниво на комуникациски вештини;

- Тимски играч и колегијалност;

- Работа под притисок и мултитаскинг, личност која има решение за секој предизвик;

- Желба за личен раст и развој;

- Брзина и спретност.

Потребни квалификации:

- Претходно работно искуство од мин. 2 години;

- Познавање на странски јазик се смета за предност;

- Минимум ССС (Средно стручно угостителско е предност);

- Работа во две смени.

Доколку станете наш вработен добивате:

- Исплата на плата и додатоци на плата согласно Закон за работни односи (минат труд, работа во недела, работа на празник, прекувремена работа);

- Сместување и 3 оброци;

- Платени трошоци за превоз;

- 8 слободни денови во месецот;

- Попуст за сместување на најблиските во нашите хотели;

- Можност за обуки, напредок, награди, тим билдинг активности.

Локација: Ресорт Маврово – Маврово

Тип на вработување: Полно работно време

Како да аплицирате:

Пратете ни го Вашето CV и Мотивационо писмо на следниот меил: [најави се за да го видиш е-маилот] и во subject наведете за кое работно место во Сектор Ресторан и бар аплицирате, Келнер или Шанкер.

Лице за контакт: Димитрија Ристевски - Човечки ресурси, Ресорт Маврово.

Рок за пријавување на огласот: .15.10.2022

Disclaimer:

- Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ги исполнуваат бараните критериуми и компетенции и кои ќе имаат комплетна апликација;

- Кандидатите во процесот на селекција ќе бидат тестирани;

- Кандидатот со испраќање на апликацијата се согласува истата да остане во базата на кандидати на компанијата;

- Ресорт Маврово е горд работодавач кој дава еднаква шанса на сите.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »