Директор на контрола на квалитет

За компанијата: Аспектус Фарма е иновативна и кооперативна компанија со висок интегритет, што и овозвожува високо квалитетно производство на лекови и воспоставување партнерства со глобалните фармацевтски компании за да... повеќе за компанијата »

АСПЕКТУС ФАРМА ДОО с.Бунарџик Илинден е Фармацевтска Компанија која е ориентирана кон  високо квалитетно производство на лекови  во Република Северна Македонија.

Директор на Контрола на квалитет

•   ВСС (дипломски или постдипломски студии во областа на фармација);

•   Завршена специјализација по испитување и контрола на лекови;

•   Минимум 5 години соодветно работно искуство во испитување и контрола на квалитет на лекови;

•   Одлично познавање на MS Office - пакетот и интернет пребарувачите;

•   Многу добро познавање и непречена комуникација (писмена и усна) на англиски јазик;

•   Способност за самостојна работа, развиени аналитични и истражувачки способности, внимание на детали, упорност, студиозност, посветеност, организациски и комуникациски способности, ентузијазам за нови знаења и техники, лојалност и дискреција.

Работни задачи:

•   Раководи со целокупната работа во Сектор контрола на квалитет;

•   Го организира и ускладува процесот на работа во Сектор Контрола на квалитет во координација со останатите сектори;

•    Ја координира и контролира работата на контролната лабораторија;

•   Одобрува или одбива почетен материјал за производство (суровини и материјал за пакување), меѓупроизвод, bulk производ и готов производ;

•   Обезбедува услови за непречено изведување на контрола на квалитет на узорцираните примероци согласно начелата на Добрата Лабораториска Пракса, проследено со  документи и записи;

•   Проценка на перформансни индикатори за сите вработени во Секторот Контрола на квалитет.

•   Одобрува спецификации, процедури за узорцирање, методи за анализа како и други документи со кои е опфатена активноста во Сектор контрола на квалитет.

Услови кои ги нудиме:

  • Почетна нето плата од 90.000 денари НЕТО, во зависност од искуството на кандидатот може да се определи повисока плата;
  • Организиран превоз;
  • Воведни обуки на вработените;
  • Работа во една смена од 07:30 - 15:30 часот, од понеделник до петок.

Дополнителни информации:

     Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите биографии можат да ги испратат на е-маил: [најави се за да го видиш е-маилот]

     

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »