Салатер/ка

ОГЛАС ЗА САЛАТЕР ВО КУЈНА:

Работни одговорности на Салатер во Ресорт Маврово ДОО:

- Подготвува салати во согласност со нарачките од гостите во ресторанот и се грижи за одржување на суровините потребни за истите;

- Се грижи за одржување и хигиена во работниот простор согласно стандардите;

- Помага при извршување на задачите зададени од главниот готвач;

- Други одговорности соодветни на работното место Салатер.

 

Карактеристики кои нашиот идеален кандидат треба да ги поседува:

- Проактивна, вредна и енергична личност;

- Одговорност и посветеност кон работата,

- Тимски играч и колегијалност;

- Лојалност и чесност;

- Работа под притисок и мултитаскинг, личност која има решение за секој предизвик;

- Личност која со ентузијазам ќе ги учи и применува работните задачи;

- Желба за личен раст и развој;

- Брзина и спретност;

- Педантност во работата.

Потребни квалификации:

- Предност имаат кандидати со живеалиште во Гостивар и околината или Општина Маврово и Ростуше;

- Искуство од мин. 1 година работа во кујна на работно место салатер;

- Способност за подготовка на разни салати;

- Работа во две смени.

Доколку станете наш вработен добивате:

- Сместување и 3 оброци;

- Платени трошоци за превоз;

- 8 слободни денови во месецот;

- Можност за користење на теретана и спа центар;

- Попуст за сместување на најблиските во нашите хотели;

- Бесплатна карта за жичарница;

- Можност за обуки, напредок, награди, тим билдинг активности.

Локација: Ресорт Маврово – Маврово

Тип на вработување: Полно работно време

Како да аплицирате:

Пратете ни го Вашето CV и Мотивационо писмо на следниот меил: [најави се за да го видиш е-маилот] и во subject наведете Салатер.

Лице за контакт: Димитрија Ристевски - Човечки ресурси, Ресорт Маврово.

Рок за пријавување на огласот: 10.04.2022

Disclaimer:

- Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ги исполнуваат бараните критериуми и компетенции и кои ќе имаат комплетна апликација;

- Кандидатите во процесот на селекција ќе бидат тестирани;

- Кандидатот со испраќање на апликацијата се согласува истата да остане во базата на кандидати на компанијата;

- Ресорт Маврово е горд работодавач кој дава еднаква шанса на сите.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »