Комерцијален соработник

За компанијата: Септима ДООЕЛ Скопје е приватна компанија основана 2000 година. Дејност на компанијата е промет на големо со фармацевтски производи, медицински помагала, диететски суплементи, козметички и хемиски производи и останати производи од асортиманот потребни за аптека. повеќе за компанијата »
  • Објавен пред 12 месеци
  • СЕПТИМА
  • Активен до 30.05.2023
  • Позиција: Комерцијалист/Агент
  • Локација: Цела Македонија
  • Телефон: 02/3060-175
  • Веб: www.septima.com.mk/

СЕПТИМА ДООЕЛ Скопје

Со цел понатамошно обезбедување на континуиран и долгорочен пораст и развој на компанијата, распишуваме конкурс за работна позиција:

 

КОМЕРЦИЈАЛЕН  СОРАБОТНИК

 

Потребни квалификации:

  • Средна стручна спрема  IV/1 
  • Познавање на MS Office пакетот
  • Возачка дозвола Б категорија
  • Пожелно работно искуство во продажба

Опис на работата:

  • Промоција и продажба на производите
  • Изработка и имплементација на маркетинг планови и реализација на зададени цели
  • Редовни извештаи од теренската работа
  • Следење и анализа на пазарот

Потребни вештини и способности:

  • Одлични комуникациски и продажбени способности
  • Организираност и одговорност кон доверените работни задачи
  • Флексибилност и способност за тимско работење
  • Спремност да се носи со предизвици и кратки работни рокови

Ние нудиме:

  • Работа во амбициозен и професионален тим
  • Континуирана едукација и стимулативна работа

Доколку ги исполнувате наведените критериуми и сте заинтересирани за работа во динамично опкружување, Ви нудиме одлични услови за работа, обука како и можност за искажување на своите професионални способности.

Ве молиме Вашето CV да го доставите најдоцна до 31.05.2023 на

e-mail:  [најави се за да го видиш е-маилот]

Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесниот круг на избор

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »