СТРУЧНО КОМЕРЦИЈАЛЕН ПРЕТСТАВНИК

  • Објавен пред 3 месеци
  • СЕПТИМА
  • Активен до 20.01.2019
  • Позиција: Останато
  • Локација: Цела Македонија

СЕПТИМА ДООЕЛ Скопје компанија која се занимава со промоција и продажба на фармацевтски препарати од палетите на повеќе светски реномирани фармацевтски производители објавува конкурс за :

СТРУЧНО КОМЕРЦИЈАЛЕН ПРЕТСТАВНИК

  • 1 претставник за регион Западна Македонија
  • 1 претставник за регион Источна Македонија

Потребни квалификации:

  • VII-1 степен на стручна подготовка : Медицински, Фармацевтски или Стоматолошки факултет.

Опис на работата:

  • Секојдневна посета на лекари и фармацевти
  • Промоција и презентација на производите  
  • Изработка и имплементација на маркетинг планови и реализација на зададени цели
  • Редовни извештаи од теренската работа
  • Следење и анализа на фармацевтскиот пазар
  • Учество и организирање на стручни и едукативни собири

Потребни вештини и способности:

  • Одлични комуникациски и презентациски способности
  • Организираност и одговорност кон доверените работни задачи
  • Флексибилност и способност за тимско работење
  • Активност во согласност со етичките кодекси и националните закони
  • Спремност да се носи со предизвици и кратки работни рокови
  • Активно познавање на англиски јазик
  • Одлично познавање на MS Office
  • Возачка дозвола Б категорија

Ние нудиме:

  • Работа во амбициозен и професионален тим
  • Континуирана едукација и стимулативна работа

Работно искуство во промоција на фармацевтски производи ќе се смета за предност

Работниот однос за позицијата првично се заснова на определно време од 3 (три) месеци, со можност за продолжување на договорот. Доколку ги исполнувате наведените услови и сакате да ја започнете или продолжите својата кариера во динамичен и високо професионален тим ,  

Ве повикуваме да ја испратите својата биографија најдоцна до 20.01.2019г., на e-mail: office@septima.com.mk

Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг на селекција.

КЛИКНИ