Царински специјалист во Кнауф Скопје

За компанијата: Присутни сме во градежништвото повеќе од 80 години. Со своите системи нудиме модерни, квалитетни решенија за уредување на вашите градби. Со фантастичниот материјал, гипс, создаваме удобност во просториите за живеење и работа. Кнауф значи иновација и квалитет. повеќе за компанијата »

(преземи го огласот во Word)

 Оглас за Вработување @ КНАУФ Скопје

За Кнауф:

Ние сме еден од водечките светски експерти за градежништво и иноватори во областа на современите системи за гипс плочи, изолација и градежни материјали. Без оглед на структурата или градежниот проект – Кнауф реализира – за и со своите клиенти. Кариера во Кнауф значи интересни и динамични работни места на локално и меѓународно ниво. Со 250 производствени капацитети и продажни мрежи во над 86 држави, како и 35,000 вработени ширум светот, групацијата Кнауф е без сомнение глобален лидер на пазарите во Европа, САД, Јужна Америка, Русија, Азија, Африка и Австралија.

Ви нудиме можност за вработување како Царински Специјалист во Кнауф Скопје

Одговорности и работни задачи:

  • Одговорен е за прием и проверка на точноста на документацијата потребна за изработка на документите за увозни и извозни постапки;
  • Одговорен е за подготовка, изработка и процесирање на сите потребни документи за увозни и извозни (редовни и поедноставени) постапки и нивно раздолжување во шпедитерскиот софтвер (Каспер)
  • Одговорен е за електронско поднесување на барањата за дозволи за увоз и извоз и добивање на потребните одобренија и дозволи за увоз и извоз;
  • Одговорен е за одредување на соодветните тарифни броеви при изработка на царински декларации;
  • Одговорен е за претставување на Друштвото во постапката за физички преглед на стоката од страна на Царинската управа;
  • Одговорен е за следење и применување на законските и подзаконските прописи, како и прописите на Друштвото од областа на шпедитерското и царинското работење.

Потребни квалификации и вештини:

  • Лиценца за вршење на застапување во царинските постапки;
  • Солидно познавање на царинските закони и регулативи;
  • Одлично познавање на SOCDAD и EXIM;
  • Солидно познавање на MS Office пакет;
  • Искуство во работа со КАСПЕР софтвер;
  • Напредно познавање на англиски јазик (познавање на германски јазик ќе се смета за предност);
  • Возачка дозвола од Б категорија;
  • Одлични комуникациски вештини и способност за работа во тим;
  • Подготвеност за работа под временски притисок;
  • Способност и желба за учење и развивање.

Услови од компанијата:

  • Компетитивна плата;
  • Динамична работа во брзо растечка, глобална компанија;
  • Пријателска работна атмосфера;
  • Работа со тим од професионалци и индивидуалци кои веруваат во интегритет, тимска работа и отворена комуникација;
  • Можност за внатрешни и надворешни обуки за усовршување во областа

Доколку сакате да работите во меѓународна компанија со можности за личен и професионален развој, Ве повикуваме да ја испратите Вашата професионална биографија (CV и мотивационо писмо) најдоцна до 07.08.2021 на [најави се за да го видиш е-маилот] . Кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани за интервју.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »