Контролор на залихи

За компанијата: ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден, контакт тел.бр. (02) 551-2851 повеќе за компанијата »

Ван Хоол Македонија ДООЕЛ Илинден, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден, контакт тел.бр. (02) 551-2851, има потреба од нови вработувања за следнава позиција:

КОНТРОЛОР НА ЗАЛИХИ

Опис на работни задачи:

  • Планирање на потребата од материјали;
  • Правење на нарачки на материјали;
  • Праќање распоред и план до добавувачите;
  • Одржување на база на податоци;
  • Одржување на податоците за работните станици;
  • Конфигурирање на податоците за материјали;
  • Анализа на залихите;
  • Внесување и следење на примедбите кои доаѓаат заради разлика во однос на порачаните количини и несоодветен квалитет;
  • Контакт со добавувачите во однос на порачаните количините и датумите на испорака.

Потребно образование, вештини, знаења и искуство:

  • ВСС од областа на техничките науки;  
  • Напредно познавање на Microsoft Office;
  • Способност за прецизна работа со детали;
  • Течен говорен и пишан aнглиски јазик;
  • Претходно работно искуство во логистика ќе се смета за предност.

Што нудиме:

  • Компетитивни месечни примања на пазарот на труд во РМ;
  • Работа во безбедна и здрава околина со почитување на сите норми за безбедност и здравје при работа;
  • Можност за професионално усовршување, обука и напредок на работното место;
  • Обезбеден автобуски превоз до работното место и назад;
  • Обезбедена исхрана во современа кантина.

Доколку сте заинтересирани испратете го Вашето CV (работна биографија) на англиски или на македонски јазик на www.vanhool.mk, во делот “отворени работни места”. Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор. 

Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци. 

Краен рок за доставување на апликациите: 07/09/2018

Исклучиво апликациите доставени преку www.vanhool.mk  ќе бидат земени во предвид.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »