Готвач/ка во кујна

ОГЛАС ЗА ГОТВАЧ ВО КУЈНА:

Работни одговорности на Готвач во Ресорт Маврово ДОО:

- Подготвува храна во согласност со нарачките од гостите во ресторанот;

- Подготвува оброци за вработените;

- Економично управува со залихите на производи;

- Ја организира работата во кујна во неговата / нејзината смена во согласност со насоките кои ги дава Шефот на кујна;

- Други одговорности соодветни на работното место Готвач.

Карактеристики кои нашиот идеален кандидат треба да ги поседува:

- Организациски и лидерски вештини;

- Проактивна, вредна и енергична личност;

- Одговорност и посветеност кон работата,

- Лојалност и чесност;

- Тимски играч и колегијалност;

- Работа под притисок и мултитаскинг, личност која има решение за секој предизвик;

- Желба за личен раст и развој;

- Брзина и спретност;

- Педантност во работатa;

Потребни квалификации и одговорности:

- Предност имаат кандидати со живеалиште во Гостивар и околината или Општина Маврово и Ростуше;

- Потребно е работно искуство од мин. 3 години како готвач (предност имаат кандидати кои имаат работено во хотелски ресторан);

- Одлично познавање на македонска и странски кујни;

- Способност за работа со шведска маса, пансионски оброци и ‘A la carte’;

- Работа во две смени.

Доколку станете наш вработен добивате:

- Сместување и 3 оброци;

- Платени трошоци за превоз;

- 8 слободни денови во месецот;

- Можност за користење на теретана и спа центар;

- Попуст за сместување на најблиските во нашите хотели;

- Бесплатна карта за жичарница;

- Можност за обуки, напредок, награди, тим билдинг активности.

Локација: Ресорт Маврово – Маврово

Тип на вработување: Полно работно време

Како да аплицирате:

Пратете ни го Вашето CV и Мотивационо писмо на следниот меил: [најави се за да го видиш е-маилот] и во subject наведете Готвач.

Лице за контакт: Димитрија Ристевски - Човечки ресурси, Ресорт Маврово.

Рок за пријавување на огласот: 10.04.2022

Disclaimer:

- Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ги исполнуваат бараните критериуми и компетенции и кои ќе имаат комплетна апликација;

- Кандидатите во процесот на селекција ќе бидат тестирани;

- Кандидатот со испраќање на апликацијата се согласува истата да остане во базата на кандидати на компанијата;

- Ресорт Маврово е горд работодавач кој дава еднаква шанса на сите

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »