За компанијата: The HeadHunter Group, е иновативна компанија за вработување и регрутација, со свои канцеларии во Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, Кипар, Грција и САД. Ние нудиме највисок...
повеќе за компанијата »Job Good! Life Good!
The HeadHunter Group, е иновативна компанија за вработување и регрутација, со свои канцеларии во Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, Кипар, Грција и САД. Ние нудиме највисок менталитет во менаџментот на човечки ресурси и нашата основна дејност се кадровски решениа за барателите на работа и работодавачите.
Алумил доо, со седиште на бул. Борис Трајковски 74А, Скопје, дел од групацијата Алумил, со седиште во Грција, што успешно работи на меѓународен пазар повеќе од 30 години, поради зголемен обем на работа го проширува својот тим и има потреба од пополнување на новоотворена позиција:
СОВЕТНИК ЗА МАРКЕТИНГ
Улогата на советник за маркетинг е да ги подржува и информира постоечките и потенцијалните клиенти на Алумил за производите, услугите и решенијата на компанијата со цел да им помогне во донесување на позитивна одлука за соработка со Алумил во нивните проекти.
Одговорности:
- Ги пречекува, опслужува и ги информира клиентите и потенцијалните клиенти (архитекти, инженери, производители, поединци) во изложбениот салон (земање примероци/брифинг за алуминиумски системи). Генерално дава консултантски услуги на функционално и техничко ниво.
- Комуницира и препорачува партнери (фабрикатори) на клиентите/посетителите на изложбениот салон.
- Ги регистрира посетите на салонот во CRM (секцијата за следење посети на изложбен простор) со добивање на потребните писмени согласности според Законот за заштита на лични податоци и одржува датотека за следење на клиентите.
- Ги доделува наводите кои произлегуваат од посетите на релевантниот консултант за продажба или инженерски консултант.
- Се грижи за правилно функционирање на изложбениот салон: надополнување на брошури, го информира одговорниот за технички работи во врска со работата на експонатите, одржувањето, функционалноста и чистотата на просторот.
- Предлага подобрувања во однос на функционалноста на просторот на изложбениот салон и воопшто сите активности кои имаат за цел да го подобрат искуството на клиентите.
- Управува со жалбите на клиентите на телефон.
- Го поддржува одделот за маркетинг за организирање настани / состаноци / семинари / саеми за клиентите, одржани во салон или надворешно (на пр., телефонски информации/потврда, рецепција итн.)
- Ги одржува корпоративните социјални мрежи за Алумил Скопје, во согласност со маркетинг секторот на матичната компанија
Квалификации:
- Одлични ораторски вештини и комуникациски способности
- Пожелно претходно работно искуство во маркетинг сектор
- Познавање на Microsoft алатки
- Работа во CRM, постојано ажурирање на базата
- Способност за работа во тим
- Напредни познавања на англиски јазик (тоа е јазикот на нашата фирма)
- Возачка дозвола B категорија
Што нудиме:
- Основна плата согласно портфолиото на кандидатот
- Работа според законската регулатива – работно време 40 часови неделно, од 8-16 часот секој работен ден од понеделник до петок
- Приватно здравствено осигурување
- Работа во успешен тим на интернационално ниво
- Исплата на регрес за годишен одмор
Ги охрабруваме сите кандидати да аплицираат. Алумил доо Скопје како компанија не врши никаква дискриминација при изборот по било кој основ. Доколку сметате дека би биле уште еден успешен вработен на нашата компанија, добредојдени сте да поднесете апликација. Апликациите пожелно е да се поднесуваат на англиски јазик.
Адреса за апликација: i [најави се за да го видиш е-маилот] . Последен рок за аплицирање е 15 јули 2023 година.
НАПОМЕНА: Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг. Податоците на кандидатите се обработуваат во согласност со Законот за заштита на лични податоци.
Пробајте го Хедхантер за вашиот успех!
Доверете ја вашата кариера на ВИСТИНСКИТЕ професионалци!
Ве молиме бидете информирани дека само кандидатите селектирани за интервју ќе бидат контактирани. При аплицирање напомнете ја позицијата за која аплицирате
Слични огласи »