Референт за продажба и набавка
Ширењето на обемот на работа ни отвора можност за проширување на нашиот тим. Придружете се на успешниот продажен тим во Скопје и искористете ги Вашите потенцијали на работното место:
Референт за продажба и набавка
Опис на задачите:
• Прием, издавање и испраќање на опрема
• Грижа за магацинот и постојаната залиха на опремата, како и изработка на месечни пописи
• Администрирање на продажбата и следење на реализацијата и наплатата
• Изработка на фактури и понуди за купувачите
• Изработка на калкулации и резервации за опрема
• Набавување на опрема од добавувачите (воглавно од Аларм аутоматика Ријека)
Од Вас очекуваме:
• ССС/ВШС економска насока
• Одлични организациски, администраторски, комуникациски и продажни вештини
• Беспрекорна прецизност и доверливост
• Високо ниво на одговорност, флексибилност и иницијатива во работењето
• Склоност кон нови технологии
• Пожелно е познавање на Pantheon
• Одлично познавање на MS Office пакетот
• Активно познавање на англиски јазик
• Спремност за тимска работа
• Високо ниво на работна етика и поштеност
• Возачка дозвола Б категорија
Предност:
• Работно искуство на слична позиција
Ви нудиме:
• Работа на неопределено (по завршување на пробниот рок)
• Работа во стабилна и перспективна компанија во меѓународно опкружување
• Стимулативно наградување зависно од деловните резултати и резултатите на тимот
• Работа во професионален, динамичен и креативен тим
• Професионален напредок и можност за усвојување на нови знаења и вештини
Аларм аутоматика д.о.о. е регионален пазарен лидер во осмислувањето и изведбата на целосни, иновативни и интегрирани решенија за техничка заштита – видео надзор, противпровална заштита, дојава на пожар, домофонија, автоматика, контрола на пристап и работно време, интеграција итн.
Размислуваме и делуваме претприемнички и долгорочно, што пред се значи дека со чинителите на пазарот негуваме односи на почитување и доверба, а во насока на создавање на вредност.
Нашата цел, во соработка со партнерите, е да се грижиме за заштитата на животот и имотот на сите наши купувачи. Тоа го остваруваме преку постојано следење на најновите достигнувања во индустриите за Безбедност и Сигурност и преку непрекинат контакт со пазарот.
Во 32 година постоење, а 11 во Македонија, имаме постојан раст на прометот, бројот на вработени, продуктивноста и останатите битни параметри. Имаме сопствени компании во 11 земји, преку 180 вработени, сопствен развој на софтвери за интеграција на системите за техничка заштита, наградувани иновации и развиена мрежа на регионални партнери.
Доколку сте заинтересирани за оваа позиција, испратете го Вашето CV на англиски на e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот]