
Друштво за лизинг ОНЕ ЛИЗИНГ ДООЕЛ Скопје е дел од Групацијата ОНЕ.
Оне Лизинг ја нуди услугата “Лизинг на половни возила” за сите марки и модели на возила со јасни услови.
Нашиот тим се состои од професионалци од областа на финансии, грижа за корисници и специјалисти за возила.
Поради брз раст на компанијата и проширување на продажната мрежа, имаме потреба од зголемување на нашиот тим, и затоа со овој оглас повикуваме амбициозни лица да аплицираат на позицијата Специјалист за продажба во подружница Тетово.
Сектор за продажба и поддршка на корисници
Работно место: Специјалист за продажба - 1 работно место во Тетово
Краток опис на услови, способности / вештини за работното место:
- Познавање на MS Office
- Релевантно искуство од најмалку 1 година во продажба е предност
- Вештини за преговарање
- Одлични комуникациски и продажни вештини
- Продажба преку телефон
- Внимание на детали и ориентираност кон резултати
Работни задачи:
- Услужување на сите потенцијални клиенти и објаснување на продуктите како и користење на продажни аргументи со цел успешно затворена продажба
- Одговарање на дојдовни повици и е-маил прашања/барања од корисници и обезбедување на потребни информации, поддршка и помош во решавање на барањата на корисниците.
- Вршење на појдовни повици и завршување на примени апликации за одобрување на финансирање
- Проактивна продажба за реализација на планот за продажба
Услови од компанијата:
- Современа и најнова технологија
- Можност за напредување
- Динамични работни услови во брзорастечка компанија
Само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју.