Сервисер за клими, топлотни пумпи и VRV системи (со и без искуство)

За компанијата: ИЦС ГРУП ДОО - Скопје е фирма , која врши проектирање, продажба и изведба на системи за греење, ладење и вентилација, како и техничко-консултантски услуги. Својата политика и концепција на работа ја... повеќе за компанијата »

СЕРВИСЕР ЗА КЛИМИ, ТОПЛОТНИ ПУМПИ И VRV СИСТЕМИ (со и без искуство)

Цел на работното место: Сервисирање и одржување на клима уреди, топлотни пумпи, VRV системи и друга HVAC опрема.

Квалификации:

Со искуство

  • Најмалку 3 години искуство работа како сервисер за клима уреди, топлотни пумпи, VRV и HVAC системите
  • Диплома од средно стручно образование
  • Познавање на  системите за климатизација, топлотни пумпи, VRV и HVAC
  • Способност за работа со фреонски инсталации и струјни електрични инсталации.
  • Способност да установи дефект и причина за истиот
  • Способност да толкува шеми и работни планови
  • Поседување на возачка дозвола Б категорија и активен возач
  • Познавање на MS Office пакетот

Без искуство

  • Предиспозиции за работа на терен
  • Желба за учење,  развој и надградување на знаењето
  • Поседување на возачка дозвола Б категорија и активен возач

Клучни лични карактеристики: Прецизности и точност во работењето, педантност, уредност, лична одговорност.

Ние нудиме:

  • Конкурентна плата
  • Дополнителни бонуси според учинокот и постигнатите резултати
  • Приватно здравствено осигурување
  • Работно време од понеделник до петок од 08:00 до 16:00 часот
  • Програми за професионален развој, посета на обуки и семинари
  • Работа со премиум брендови

Работната позиција е во Скопје.

Сите заинтересирани кандидати своето  CV може да го  испратат на следнава e-mail  адреса   [најави се за да го видиш е-маилот]    (со назнака за работно место Сервисер)

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »