ДИГИКОМ ВРАБОТУВА СЕРВИСЕР ЗА КОМПЈУТЕРСКА И ДРУГА ИТ ОПРЕМА
Дигиком е фирма основана 1994год од областа на Информационите технологии
Фокус на работењето е системска интеграција, сервисирање и одржување на ИТ опрема
Услугата која ја испорачуваме сакаме да биде на највисоко ниво со квалитет и професионалност, а за тоа да потврдуваат нашите клиенти со долгорочна соработка
Заради напредок во работењето имаме потреба од проширување на тимот
ПОТРЕБНО ЗНАЕЊЕ И КВАЛИФИКАЦИИ
Пожелно е Средно електро-техничко образование, предност е Високо образование
Пожелно е работно искуство, предност е најмалку 3години работно искуство
Предност е да имате приложено препораки од претходните работни места/фирми
Пожелно е одлично познавање на Англиски јазик(зборување и пишување) и возачка дозвола - Б категорија
Потребно е одлично познавање и сервисирање на компјутери и друга ИТ опрема како и работа со алат и инструменти за дијагностика и сервисирање
Потребно е познавање на мрежи и мрежни протоколи како и физичка и софтверска инсталација и одржување на мрежна инфраструктура и мрежна безбедност и заштита
Потребно е познавање и администрирање на Firewall уреди, различни оперативни системи за сервери и крајни корисници, заштита на податоци и Backup&Restore&Recovery како и решавање на проблемите поврзани со крајните корисници и системот, со алатки од далечина или на лице место на терен
ЛИЧНИ КАРАКТЕРИСТИКИ И ПРОФИЛ
Дисциплина, почитување и управување со рокови, почитување на работните обврски и колеги
Споделување на искуства и тимска работа, самостојност, лојалност и упорност, посветеност на работа и желба за учење и напредување
Снаодливост и решавање на специфични ситуации, позитивен пристап, преговарачки и комуникациски вештини, трпение и љубезност, флексибилност, проактивност и прецизност
РАБОТНИ ЗАДАЧИ И ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО
Сервисирање на компјутерска и друга опрема во сервис и на терен
Инсталација на компјутерски, мрежни и други ИТ системи
Дијагностика, сервисирање, одржување, инсталација и конфигурирање на хардвер и софтвер за крајни корисници, за сервери и за мрежна инфраструктура
Работа во динамична и стимулативна и позитивна атмосфера со можности за развој, учење и обуки и напредок во многу вештини и специјалности
Посета на семинари, обуки, презентации и работилници, со цел континуирана надградба на индивидуалните знаења и перформанси
Работа со зададени рокови, динамика и завршување на работа под притисок во сервис и на терен
Работно време од 8-17ч понеделник до петок
Обезбедена обука за работните задачи и запознавање со работењето на фирмата
Дигиком ќе ги исполни сите барања за напредок на избраниот кандидат, за кој зависно од квалификациите и искуството ќе понудиме компетитивна плата и можност за напредок
НАПОМЕНА:
Сите заинтересирани кандидати за нови искуства Ве молиме Вашите апликации пратете ги на меил [најави се за да го видиш е-маилот] , кои потребно е да содржат Кратка биографија со слика, а пожелно е да содржат и Препораки од претходни вработувања.
Само кандидатите кои ги исполнуваат условите и ќе влезат во потесниот избор ќе бидат контактирани.