Директор за маркетинг и продажба

  • Објавен на 11.2017
  • ГРАНДЕКС ДООЕЛ
  • Активен до 25.11.2017
  • Позиција: Останато
  • Локација: Скопје
  • Телефон: 3290-970

Веќе 25 години работиме со ентузијазам и посветено во дејноста увоз и дистрибуција на производи за широка потрошувачка. Поради проширување на обемот на работа, огласуваме отворена работна позиција:

 

 ДИРЕКТОР ЗА ПРОДАЖБА И МАРКЕТИНГ.

 

Опис на работата и одговорностите

  • Да ги креира и имплементира стратегиите на продажба и маркетинг,
  • Да ја организира и координира работата на одделот за продажба и маркетинг,
  • Да управува и да ги мотивира вработените во одделот,
  • Да ги организира, координира и контролира продажните активности,
  • Да доставува периодични извештаи до управителот,
  • Да го одржува и развива корпоративниот имиџ.

 

Потребни знаења, вештини и особини

  • ВСС економска насока,
  • Најмалку 3 години работно искуство на одговорна позиција во продажба и маркетинг,
  • Солидно познавање на англиски јазик, познавање и на друг јазик ќе се смета за предност,
  • Напредно користење на Microsoft Office пакетите,
  • Ориентираност кон резултати, кооперативност и подготвеност за тимска работа,
  • Висок степен на вештини за организирање, делегирање и мотивирање на соработниците,
  • Флексибилност, достапност и креативност.

 

Заинтересираните кандидати можат да достават Кратка биографија со слика и мотивациско писмо на [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака за Оглас – Директор за продажба и маркетинг.

Конкурсот е отворен 30 дена од датумот на објавување.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »