Senior JAVA Developer

За компанијата: BEELIVIO е француско-македонска софтверска компанија која во Македонија постои од 2018 година, веќе докажана во областа развој на корпоративни софтверски решенија со голем број клиенти распространети во... повеќе за компанијата »

BEELIVIO е француско-македонска софтверска компанија која во Македонија постои од 2018
година, веќе докажана во областа развој на корпоративни софтверски решенија со голем број
клиенти распространети во повеќе од 15 земји ширум светот.
Поради зголемен обем на работа има потреба од проширување на програмерскиот тим и објавува
конкурс за вработување на JAVA програмери кои ќе имаат можност да работат на интересни и
динамични проекти базирани на современи технологии, со можност за брзо напредување.
Нашиот технички тим се проширува и имаме возбудлива можност за вработување на Senior JAVA
Developer, кој бара предизвикувачка работа за корпоративни меѓународни проекти и за клиенти
од целиот свет и сака да придонесе за нашиот развој и раст.
Кои ќе бидат вашите обврски?
 Развој и препорака на технички стратегии и софтверска архитектура;
 Развој на софтверски алатки и решенија користејќи едноставен и чист код;
 Развој на скалабилни решенија кои би ги задоволиле бизнис потребите во блиска или
подалечна иднина;
 Раководење со технички тим со цел да испорачаат флексибилни и скалабилни решенија;
 Раководење и менторство на други членови од тимот;
Програмерите кои ќе станат дел од нашиот тим ќе учествуваат во:
 Анализа на барањата и дизајн на решението според потребите на клиентот;
 Развој на софтвер и креирање на техничка документација;
 Тимски состаноци и директна комуникација со клиенти.
Потребни квалификации:
 Одлично познавање на Java SE, Java EE и Spring Framework;
 Добро разбирање на OOP принципи, Data Structures, Algorithms, and Design Patterns;
 Искуство со Cloud сервис провајдери – Azure, AWS
 Искуство со релациони бази на податоци – MySQL, MSSQL, MongoDB;
 Искуство во Agile методот на програмирање;
 Одлични комуникациски способности;
 Познавање на Англиски јазик;
Предност би имале кандидатите со искуство во:
 JavaScript;
 Front-end frameworks – React, Angular;
 CI / CD
 Azure DevOps и/или Git;
 Искуство во Scrum:

Кандидатите кои ќе станат дел он нашиот растечки тим ќе имаат можност за работа во нашите
канцеларии кои располагаат со сите модерни реквизити на една сериозна ИТ компанија а воедно
возможен е и хибриден режим на работа.
Вашето кратко резиме (CV), испратете го на email адреса: [најави се за да го видиш е-маилот]

Сите апликации ќе бидат разгледани и оние кои ги исполнуваат условите ќе бидат повикани на интервју.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »