
За компанијата: ЛЕОНА од Свети Николе е успешна компанија која произведува квалитетни кондиторски производи. ЛЕОНА го започна производството на чоколадо и чоколаден крем за подоцна да го прошири производството на бисквити...
повеќе за компанијата »(преземи го огласот како слика)

ВРАБОТУВАМЕ: Менаџер за продажба
Во срцето на Свети Николе, од 1998 година, ЛИОН создава слатки задоволства кои освојуваат срца ширум светот. Нашите производи, од чоколади и кремови до штрудли и вафли, се дел од секојдневието на потрошувачи на речиси сите континенти. Нашата посветеност на врвен квалитет и задоволството на клиентите е тоа што нè издвојува.
Веруваме дека клучот за успехот е силниот продажен тим. Затоа, бараме Менаџер за продажба кој ќе придонесе кон растот и развојот на брендот, градејќи долгорочни релации со нашите партнери и клиенти.
Што нудиме?
✔️Конкурентна плата која ги рефлектира Вашите способности и труд.
✔️Работа во динамична средина која нуди можности за раст и развој.
✔️Организирање на обуки за професионален и личен развој.
✔️Пакет бенефиции ЛИОН.
✔️Поддршка за Вашите соништа и Вашето место во ТИМОТ на ЛИОН.
Што бараме?
1️⃣Силни комуникациски вештини
2️⃣Напредни преговарачки вештини
3️⃣Прецизност и методичност при работењето
4️⃣Флексибилност
5️⃣Тимска соработка
Вашите работни задачи ќе вклучуваат:
➖️ Комуникација со клиенти, следење на нивното задоволство и преглед на нивните нарачки
➖️ Контрола на цени и евалуација на план за понуда на нови производи или таргети на постоечките
➖️ Креирање на план за наплата на потврдени нарачки
➖️ Подготовка на понуда кон нови клиенти и мостри за истите
➖️ Анализи и пресметки за испорачани производи кон клиенти
➖️ Планирање и учество на регионални и интернационални саеми
➖️ Тесна соработка со останатите компаниски Сектори
Придружете се на нашиот тим!
Ако сакате да станете дел од приказната на ЛИОН Свети Николе, испратете го Вашето CV на [најави се за да го видиш е-маилот] или на полето АПЛИЦИРАЈ.
Слични огласи »