Супервизор на техничко одржување

ОГЛАС ЗА СУПЕРВИЗОР НА ТЕХНИЧКО ОДРЖУВАЊЕ:

 

Работни одговорности на Супервизор на Техничко одржување во Ресорт Маврово:

- Ја организира и контролира работата на хаусмајсторите, домарот, вработените во спа центарот и спортските терени;

- Ги обучува и правилно воведува новите вработени;

- Солидни познавања на работа со електрика, водовод и канализација, поправки во ентериер, браварија и сл.;

- Се грижи за одржување на објектите и инвентарот;

- Се грижи за работните налози во хотелите да бидат навремено и правилно извршени;

- Подготовка на извештаи;

- Други одговорности соодветни на работното место Супервизор на техничко одржување.

 

Карактеристики кои нашиот идеален кандидат треба да ги поседува:

- Искуство во менаџирање на тимови;

- Одговорност и посветеност кон работата;

- Организациски и лидерски вештини;

- Проактивна, вредна и енергична личност;

- Педантност во работата;

- Тимски играч и колегијалност;

- Лојалност и чесност;

- Брзина и ефикасност во вршење на работните задачи.

 

Потребни квалификации:

- Мин. ССС (предност имаат кандидати со високо образование – Машински факултет или други технички науки);

- Искуство од мин. 5 години работа на слично работно место;

- Возачка дозвола B категорија;

- Флексибилно работно време.

 

Доколку станете наш вработен добивате:

- Сместување и 3 оброци;

- Платени трошоци за превоз;

- 8 слободни денови во месецот;

- Можност за користење на теретана, спа центар, жичарница;

- Попуст за сместување на најблиските во нашите хотели;

- Можност за обуки, напредок, награди, тим билдинг активности.

 

Локација: Ресорт Маврово – Маврово

 

Тип на вработување: Полно работно време

 

Како да аплицирате:

Пратете ни го Вашето CV и Мотивационо писмо на следниот меил: [најави се за да го видиш е-маилот] и во Subject наведете Супервизор на техничко одржување.

Лице за контакт: Димитрија Ристевски - Човечки ресурси, Ресорт Маврово.

 

Рок за пријавување на огласот: 30.06.2022 год.

 

Disclaimer:

- Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ги исполнуваат бараните критериуми и компетенции и кои ќе имаат комплетна апликација;

- Кандидатите во процесот на селекција ќе бидат тестирани;

- Кандидатот со испраќање на апликацијата се согласува истата да остане во базата на кандидати на компанијата;

- Ресорт Маврово е горд работодавач кој дава еднаква шанса на сите.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »