Референт за присилна наплата

За компанијата: Банката е формирана во 1993 година како една од првите приватни банки во земјата под името Кредитна Банка АД Скопје. Од мај 2016 година, Банката работи под името Силк Роуд Банка АД Скопје и е единствена банка во Р. Македонија и регионот со 100% швајцарски капитал. повеќе за компанијата »

Активни огласи од Силк Роуд Банка АД Скопје:

Референт за ризик - Раководител на експозитура во Скопје

(преземи го огласот во Word)

 

Оглас за вработување
Референт за присилна наплата во Служба за правни работи, усогласување со прописи, спречување перење пари и наплата на побарувања

СИЛК РОУД БАНКА АД СКОПЈЕ нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, со можност за личен развој и професионален напредок.

Банката вработува правник – референт за присилна наплата во Служба за правни работи, усогласување со прописи, спречување перење пари и наплата на побарувања.

  • Опис на работното место:
  • Ја подготвува целокупната правна документација за покренување и спроведување на постапките за извршување за наплата на побарувањата на Банката, како и за заштита на интересите на Банката во судовите и другите органи во постапките кои произлегуваат од извршните постапки.
  • Спроведува активности потребни за спроведување на постапките за извршување.
  • Ја застапува Банката во судски постапки и постапки пред државните органи.
  • Се грижи за соодветна правна теорија и пракса за потребите на проучување на конкретни прашања во врска со присилна наплата, од интерес за Банката.

 

  • Кандидатите треба да ги исполнуваат следните квалификации:
  • Универзитетска диплома по право
  •  Положен правосуден испит
  • 1 (една) година искуство пожелно, по можност во областа на присилна наплата
  • Познавање на регулативата и промените, професионални правила и добри практики
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Одлично познавање на MS Office (Word, Excel)

 

  • Избраниот кандидат треба да поседува:

- Соодветни стручни и лични особини

               - Одлични аналитички вештини

               - Високо ниво на комуникациски вештини

 - Иницијатива и флексибилност

 

Работното време е 8 часа дневно, односно 40 часа неделно, од понеделник до петок.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови, потребно е да испратат кратка биографија и мотивационо писмо на македонски јазик на [најави се за да го видиш е-маилот] со задолжителна назнака за “Референт за присилна наплата”, најдоцна до 16.09.2022 година.

 

Ве молиме во Вашите апликации не доставувајте сензитивни податоци како националност, вероисповест, како и детали за вашиот приватен живот.

Само кандидатите кои ќе бидат избрани во потесен избор ќе бидат контактирани заради спроведување на интервју или тестирање.

Сите апликации ќе имаат третман на строга доверливост. Со доставувањето на Вашата апликација ќе се смета дека се согласувате Банката да може да ги обработува Вашите лични податоци за потребите на процесот на вработување.

Согласноста може да ја повлечете во секое време со доставување на барање за истото до Офицерот за заштита на лични податоци на e-mail адресата   [најави се за да го видиш е-маилот]

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »