Работник во магацин

За компанијата: Нептун е бренд име на компанијата Нептун Македонија ДОО Скопје, основана во 1998 година, која во 1999 година станува дел од Нептун Интернешнал и Балфин Групација - Balkan Finance Investment Group. Нептун... повеќе за компанијата »

Tрговско друштво за промет на големо и мало, производство и услуги НЕПТУН МАКЕДОНИЈА ДОО експорт-импорт Скопје (ул.”Качанички пат”, бр.56, Скопје, телефонски број 02/2656 737)

 

Со цел проширување на тимот за логистика распишува оглас за вработување на:

Работник во магацин

Со место на вршење на работните задачи во Скопје (населба Илинден) – 2 позиции

 

Одговорности и работни задачи:

  • Извршува навремено растоварање, товарање, пренесување и складирање на трговска стока, инвентар, маркетинг материјали итн. во и од централен магацин и врши квалитативен преглед и проверка на производи
  • Ги подготвува производите за испорака, по потреба пакува и ги сместува производите во област за утовар 
  • Ги сортира и сместува производите и материјалите во царинскиот склад или главниот магацин согласно стандардите на организацијата и царинските закони
  • Сортирање и припрема на робата за испорака, согласно документацијата
  • Учествува во физички попис на залиха
  • Носи соодветна заштитна опрема
  • Помага при испорака на роба која се испорачува со сопствени возила
  • Прави припрема на производите на испорака, лепење на декларации, инсертирање на упатства на гаранции
  • Асистира при испораката на трговска стока кај крајните купувачи

 

Што нудиме?

  • Одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим;
  • Континуирана обука и можност за напредување;
  • Работа во смени, вкупно 40 часа неделно; понеделник – сабота

 

Доколку сте заинтересирани за работната позиција, испратете ја Вашата кратка биографија на e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака:  “Оглас за Работник во магацин”.

 

Огласот е активен до 31.07.2019 година

 

Општи правила за аплицирање:

  • Именување на документ за аплицирање - CV (име и презиме на апликантот).
  • Назнака на позицијата за која се аплицира

 

Согласно Законот за заштита на лични податоци Ве молиме во текстот на е-поштата да наведете дали прифаќате Вашите податоци да се чуваат во збирката за идни вработувања во НЕПТУН МАКЕДОНИЈА или сакате Вашите лични податоци да бидат уништени по истекот на активниот оглас. Доколку нема никаква напомена од Ваша страна, податоците ќе бидат уништени.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »